Home News Левица го објави референдумското прашање, а Апасиев обзнани што ќе се случи...

Левица го објави референдумското прашање, а Апасиев обзнани што ќе се случи ако не биде прифатена иницијативата

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во вчерашното „Само интервју“ објави дека нивното референдумско прашање ќе гласи:

„Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку заклучоците кои ги усвои Собранието а се однесуваат на преговарачката рамка и францускиот предлог, објасни Апасиев.

Според него со вака дефинирано прашање е невозможно формално-правно собранискиот спикер Џафери да ја одбие нивната иницијатива за референдумско изјаснување.

Од СДСМ засега нема реакција за иницијативата на Левица, од ВМРО-ДПМНЕ пак велат велат дека е добро што се говори за референдум за да се слушне мислењето на граѓаните, но очекуваат во следниот период иницијаторите суштински да го објаснат прашањето, па ќе излезат со став.

Коментар од Џефери може да се очекува дури откако таа ќе стигне во Собранието..

-Тотална блокада на Собранието е една од опциите кои ги има партијата Левица ако не помине нејзината иницијатива за референдум, како што најави пратеникот Борис Крмов.

Во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5, лидерот Димитар Апасиев потсети дека партијата има искуство со блокади и дека Парламентот не смее да се напушти, бидејќи „сите штетни закони во приватизацијата се донесоа кога ДПМНЕ не беше внатре во Собранието.”

– Првото наше блокирање беше со Законот за државјанство, кој ние ефективно го блокиравме. Тоа беше Филибастер со зборување, каде што јас зборував долго на Комисија и тој закон не помина. Власта тогаш, преку заобиколување на Собранието, направи кривично дело и го протна со европско знаменце – изјави Апасиев и додаде:

– После тоа, сами двајцата блокиравме околу петнаесетина закони со секакви средства. Тука влегуваат и амандмански филибастер и филибастер со зборување, па дури Крмов кажа и физичко блокирање.

Апасиев прави разлика меѓу блокада и напуштање на Собранието.

– Напуштање на Парламентот нема никаква логика, тоа е романтичарски. Не заборавајте дека сите штетни закони во приватизацијата се донесоа кога ДПМНЕ не беше внатре во Собранието – рече лидерот на Левица Димитар Апасиев.

Previous articleСузана Турунџиева разочарана од пријателите на упокоениот сопруг: Кога човек ќе си замине, ги снемува пријателите, а пола Скопје на овој ден јадеше и пиеше
Next articleАнастасија Ражнатовиќ и Гудељ се во љубовна криза: Последната објава на нејзиниот профил откри која е причината