Home Live Милена од Канал 5 искрено проговори за обожавател кој бил вљубен во...

Милена од Канал 5 искрено проговори за обожавател кој бил вљубен во неа и морала да го пријави во полиција

Милена Антовска-Станковска е една од најубавите наши ТВ-водителки, препознатлива по утринската програма на Канал 5, сега во моментов на породилно отуство, откако стана мајка на Јоана која има осум месеци.

Инаку таа и нејзиниот сопруг Гордан имаат уште една ќерка, Лана Марија, а таа има пет години. Таа во едно интервју за Хаштаг, зборувала за своите тинејџерски денови и рекла:

-Уф… има многу, навистина имав прекрасни тинејџерски години. Многу убав период од животот. И во средно училиште и почетокот на студентскиот живот. Мислам дека секогаш ќе тагувам по тие години.

Иако имав и тогаш обврски некако бев безгрижна, полетна, ништо не ми беше тешко да направам, запознавав нови луѓе, стекнував нови знаења и искуства“.

– Телевизијата е таков медиум што бара и сака убави и негувани лица. Еден од предусловите треба да е тој барем според мене.

Се трудам да спијам доволно, практикувам козметички третмани соодветни зa моето лице и возраст, а и генетиката тука игра своја улога. Не правам ништо посебно и различно од останатите девојки кои се грижат за себе.

Кога се сака, сè се може. Со добра организација се може да постигне. Во одреден момент чувствуваш што ти е приоритет, па така и се однесуваш и делуваш. За сè има време“, изјавла Милена во интервју за www.ubavo.mk

Во интервју за емисијата и порталот Приказна, Милена раскажала за својата борба со анксиозноста.

– Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анксиозност или панични напади.

Некогаш поминуваат и месеци, кoга воопшто ги немам. Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато.

Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста.

Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за се, па така и за ова“, кажала за Приказна Милена минатата година.

Но, не е се така мазно во ничиј живот, а тоа важи и за животите на нашите познати личности меѓу кои и Милена. Таа во една прилика, во Женски магазон кажала каква лоша случка има доживеано кога нејин обожавател ја прогонувал.

Станува збор за ТВ гледач кој бил многу фокусиран на Милена што почнал да ја следи, а за овој случај реагираче и високи органи. Еве што раскажа Милена по овој повод:

– Има интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опседнуваат. Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено.

Но, работата отиде до таму што почна да ме мал третира по телефон. И на работа, и кај нас дома, и дома кај моите. Многу беше упорен, праќаше и некои пакети. Морав да пријавам во полиција, во две полициски станици, и во Карпош и во Ѓорче Петров.

Тоа заврши откако интервенираше полицијата, ете до таму отиде работата.

За среќа заврши позитивно, се надевам дека нема да имам веќе непријатни случки“, рече оваа наша позната водителка.

Previous articleНовинарката Вики Чадиковска ја раскажа својата најтажна животна приказна, нејзината најголема животна загуба
Next articleИма своја приватна градинка и ќе облече две екстра скапи венчаници на свадбата- Која е невесетата на синот на Шабан Шаулиќ, Михајло