Home Live Овој шеф ќе го замени Марк во Брза кујна, Сања и Никола...

Овој шеф ќе го замени Марк во Брза кујна, Сања и Никола се пофалија со новиот колега (ФОТО)

Брза кујнам, познатаото кулинарско шоу наскоро ќе почне со својата 8. сезона.

Откако Александра Илиевск се повлече поради породилното отсуство, а потоа ја роди и ќеркичката Сара, на нејзино место дојде Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24.

За потсетување, првата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“ го водеше Билјана Максимовска на чие место набрзо дојде Александра Илиевска.

Исто така во петтата сезона Марк и Никола исто така имаа замена од двајца свои колеги, но тие само ги надополнуваа низ емисиите.

Според Сања, Тв водителот треба да биде секогаш за се добро информиран, да умее убаво да говори, да има правилен изговор на зборовите и да чита многу.

„Луѓето сметаат дека за оваа работа е потребен само добар изглед и имиџ, па посегнуваат кон покривање на недостатоците. Затоа, на крајот сите се слични едни на други, со л оша дикција и недоволно подготвени за интервјуата.

Уникатноста и природниот изглед, шармот, харизмата и знаењето ги покриваат сите недостатоци“, изјави Сања претходно за „Точка“.

Таа е една од ретките наши водителки кои имаат земено изјава од Новак Ѓоковиќ, и изјави дека цел живот ја чекала. Сања е хумана, и многу сака да им помага на луѓето. Еден од нејзините омилени ликови за инетервју е Јане Велковски.

Отсекогаш била воодушевена од актерството, па затоа и била дел од актерската школа на Димче Мешковски. За него вели дека има огромна улога за она што е денес.

„Самата проценив дека немам голем актерски талент и дека тоа не е професија во која би била среќна, па во последен момент ги избрав политичките науки и така завршив на Правниот факултет во Скопје“, искрено вели Сања.

Сања е во врска со Томи, кој е вљубеник во мотори, а таа вели дека е девојка која никогаш не би се качила на мотор.

Но, за љубов на својот сакан, Сања го надмина и стра -вот од мотори. Се за љубов! За возврат, тој со неа оди на театарски претстави.

Водителката на својот Фејсбук профил објави емотивен статус како знак на благодарност кон сите што ја поддржуваат откако стана водителка на познатото кулинарско шоу. Сања исто така кажа дека не ѝ пречат критиките упатени на нејзина сметка.

-Безброј пораки, безброј коментари и нормално по некоја критика, но сето тоа за мене голема радост и поддршка. Ви благодарам на сите што во овој изминат, но и краток период ме прифативте како домаќинка во вашето омилено кулинарско шоу, Брза Кујна.

Сето тоа ми ја задржува насмевката и ме прави вистински среќна што пред нас имаме уште многу моменти да ги поминеме заедно во најзабавните кујни во Македонија“, објави Сања.

Брза кујна објави убави вести, тоест го објави новиот тим, ио сега се знае кој ќе го замени шеф Марк кој летово си замина од шоуто. Се уште не се објави терминито, тоест од кога ќе почне новото кулинарски шоу да се емитува на ТВ.

-Нов тим, за нови изненадувања во новата 8-ма сезона на најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна!!! Наскоро на ТВ Сител! Во редовниот и добро познат термин, секој работен ден во 17.00 часот !

Оваа сезона , шеф Бобан Симоновски ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.

Асистентите кои ќе бидат дел од оваа сезона ќе имаат можност да готват со едни од најдобрите готвачи во Македонија и регионот. Вистински професионалци, со богато искуство и познавање во кулинарство.

Шефовите, заедно со водителката Сања Савеска, секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, и ќе понудат многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.

Наскоро на ТВ Сител 8 – ма сезона на БРЗА КУЈНА !!!“, стои во објавата на Бра кујна. Во сите коментатри, обожавателите им посакале среќа, само еден вели: БЕЗ МАРК, не сте повеќе ШО Ш’ОУ, наздравје ..“

Previous articleТамара се преполови, а додека вежба сака да се чувствува комфорно – еве што носи (ФОТО)
Next articleЈанко Илковски објави слика кога бил мало дете – во метална количка на педали што му ја купил татко му (ФОТО)