Home News Стевчо: Јас не можам да разберам како тие не сфаќаат дека луѓето...

Стевчо: Јас не можам да разберам како тие не сфаќаат дека луѓето кои ги предлагаат се зрели и оформени личности

Статус на Стевчо Јакимовски: „Уметност е да се доведеш да го имаш градот Скопје, и да си отидеш во опозиција.

И да ја прашуваш градоначалничката „Кај ти се проектите?“. А, си го добил, си го освоил градот Скопје, и сега сакаш да се преврлиш во опозиција.

Јас не можам да ги разберам тие луѓе. Каква стратегија водат? Очигледно дека тие не се за да поднесат одговорност, не се за да водат.

Град Скопје има 700.000 жители, скоро третина од Република Македонија. И ти така да си се откажеш, ќе си одиш во опозиција, а демек „со среќа нека им е нова коалиција“.

Јас не можам да разберам, што е тој Златко Перински толку битен за СДСМ? Една од причините за растурање коалицијата со ГРОМ е Златко Перински.

Затоа што договорот беше да Јавното градско претпријатие за паркинзи биде менаџирано од кадар што ќе го предложи ГРОМ.

За да потоа ми биде соопштено дека Перински таму треба да оди, а после тоа ќе сме имале избори за 6 месеци, после 6 месеци Перински.

Ќе го земале во Владата, а човекот од ГРОМ кој требал да биде, тогаш ќе може да биде директор.

Испадна дека тој Перински ништо друго не знае да работи, освен да биде функционер.

И мислам дека треба да објасни раководството на членството, зошто тој Перински е толку битен за растурање коалиција со ГРОМ, за растурање на коалиција со градоначалничката на град Скопје.

Јас не можам да ја препознаам таа негова толку голема важност, заслуга за ВМРО-ДПМНЕ. Ако им е по битен тој човек од ова што се случува. Го смениле, во ред, го сменила градоначалничката, така мислела.

Еве пак им стави човек од ВМРО-ДПМНЕ. Што е проблемот, јас не можам да разберам.

Место да кажат „ она сноси одговорност за водење на градот, ако мисли дека некој директор треба да биде сменет
ние тоа го поддржуваме“ – ни кавга ќе имаше ни ништо.

И тоа очигледно они едвај ја чекале кавгата со градоначалничката на Скопје. И навистина е жално, на нив ова им се повторува по не знам кој пат. Претходно исто им се случи со Трифун Костовски.

Јас не можам да разберам како тие не сфаќаат дека, тие предлагаат кандидати за градоначалници кои се зрели личности, оформени личности, реализирани и докажани во својата професија.

Тоа се случи со Трифун Костовски, тоа се случува со Данела, па тоа се случи и со Ристо Пенов.

После, следниот мандат, со СДСМ отиде на избори. Значи, мора да има некоја фалинка и кај нив.“

Previous articleДанела: Трајко Славевски е возрасен човек и треба да мисли пред да каже нешто
Next articleАнтониа во отворена маичка, се покажа каква што не сме ја виделе досега, a и раскажа дека живее со Иван, кој готви по дома (ФОТО)