Home Live Сузана Турунџиева разочарана од пријателите на упокоениот сопруг: Кога човек ќе си...

Сузана Турунџиева разочарана од пријателите на упокоениот сопруг: Кога човек ќе си замине, ги снемува пријателите, а пола Скопје на овој ден јадеше и пиеше

Сузана Турунџиева, нашата позмата водителка, пејачка и писателка која е инаку наставник по музичко образование и голема пријателка со Атиџе Муратова, сподели убави вести за Атиџе на Фејсбук.

– Доброто секогаш раѓа добрина… Неописиво е задоволството кога имаш можност да поттикнеш и обединиш добри и хумани луѓе и компании… Огромна благодарност до пријателите од Рес-Ком кои се потрудија на Атиџе да и обезбедат огревни дрва за претстојната зима“, напиша Сузана.

– Од секоја ситуација постои излез, па дури и од твојата… Ако не можеш сам(а) побарај помош, бидејќи храбрите бараат помош, а слабите трпат…

Колку и да ти е тешко, не заборавај дека за секој проблем има минимум две решенија: првото е да веруваш во себе, а второто е да се бориш!“, порача Сузе во еден свој неодамнешен статус на Фејсбук.

Таа се сликаше со својата помала черка Матеа, на плажа во Грција, и исто така упати мудра порака. Инаку, Сузе има уште една ќерка, Лора заедно со зетот Филиш ја израдува со внукот Јаков.

– Од секое доживеано искуство, потруди се да го извлечеш најдоброто. Не дозволувај да го “потрошиш” искуството без научена “лекција”. Колку што ќе ти годат пријатните искуства, толку ќе те болат непријатните.

Но, никогаш не заборавај дека медалот има 2 страни и не плаши се да поминеш низ емотивните фази кои го пратат секое искуство, колку и да е трауматично.

Запамти, ЗА ДА ОСТАНАТ НАЈДОБРИТЕ, МОРАШ ДА ПОМИНЕШ НИЗ НАЈЛОШИТЕ (искуства). Среќно!“, порача Сузе.

Во интервју за Хибрид, Сузе објасни што ѝ е инспирација кога пишува книги и која мисла ја воси, а која сака да ја избегне.

– Имаше моменти за кои чувствував дека сакам да ги прескокнам ама се е наша историја, макар и не било нешто убаво во нашиот живот, макар имало и некои личности кои сакаш да ги избришеш. Но, гума за бришење нема.

Донесов одлука, со никого не ја споделив и си реков дека тоа моментот што го чекам, сум достигнала некаква ментална зрелост, тогаш имав 36 години и јас ова ќе го ставам на хартија.

Дали тоа некому ќе му се допадне или не, воопшто не ми беше важно и ден денес не ми е, иако многумина се уште многу несериозно го сфаќаат моето пишување. Но и тоа е показател дека нешто се прави, замислете никој да не изреагира, тоа е уште пострашно.

-Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми. Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво. Но, не се разреши убаво, стигна најстрашната вест.

Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав, можеби не се соголив комплетно, но сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Кога пишуваш првпат за такви ситуации никогаш не знаеш што е исправно, дали со пет збора да удриш многу силно или со 1000 зборови да удираш полека“, кажа Сузана.

Сузана сподели емотивен спомен на својот сопруг Маријан кој го напушти овој свет пред повеќе од 6 години, во јули во 2016 година. Таа во статусот го споменува неговиот роденден кој е денес, и како тој некогаш се славел.

– Денес ќе прославевме 48… Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше… Се собираше… Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше…

Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе поч ине, СЕ се заборава… Ги снемува пријателите, роднините, другарите… Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење…

Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е се толку сурово, минливо… Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука…

Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши“, напиша Сузана.

Previous articleИма своја приватна градинка и ќе облече две екстра скапи венчаници на свадбата- Која е невесетата на синот на Шабан Шаулиќ, Михајло
Next articleЛевица го објави референдумското прашање, а Апасиев обзнани што ќе се случи ако не биде прифатена иницијативата