Home Live Црвената е нејзината боја- Елена од „Сител“ никогаш не била поубава, како...

Црвената е нејзината боја- Елена од „Сител“ никогаш не била поубава, како да се подмладува (ФОТО)

Ако треба да ги спојам со едно: убавината, женственоста, ведрината зачинети со доза на романтичност… ќе ги најдам сплотени како Елена Стојановска Јанковска.

Лик кој ви го задржува погледот а глас го кој задржува вниманието. Иако за неа најголема љубов беше радиото и сеуште телевизијата, со едното засега се збогува, но можеме да ја видиме на фрекфенцијата на сител телевизија во утринската “Ја сакам Македонија“, напиша во една прилика Убава.мк

-Во суштина имам само еден ритуал, а тоа е никогаш да не заспивам со шминка на лицето.

Инаку, стандардно, лицето го чистам со мицеларна вода, со благи бебешки сапунчиња од ќерка ми и нанесувам богат слој крема затоа што имам сува кожа“, рече убавата водителка за своите ритиали за убавина во една прилика во Женски магазин.

Стојановска е омилена кај сите генерации, не амо поради нејзината убавина, тууку и поради непосредниот однос кој го има со гледачите.

Веќе мојата кожа спаѓа во зрела и сега на овие години се обидувам да употребувам посериозна козметика. Но, верувале или не, јас уште не можам да отстапам од детските витамински креми затоа што само така мојата кожа е заситена со влага.

Во последно време почнав да ја користам и кремата од полжави , но и серумот на Есте Лаудер за ноќно возобновување.

Од корективна козметика многу ја почитувам линијата на Есте Лаудер и Буржоа, од пудра, римел, сенки и моливи. Искрено, не менувам многу и се држам до веќе испробани работи“, рече Елена.

-Верувам во тоа дека човек мора да работи на себе, во секој домен. Јас сум „бубалица“. Таква бев и на училиште, таква сум и во професијата.

Не се потпирам на случајност. Но, кога се трудиш, кога работиш мислам и дека тоа не може да помине незабележано. Вистински луѓе ќе го препознаат и тука веќе се случува магијата.

Сакам многу работи, сакам да бидам здрава, да се чувствувам добро и да пробам уште многу нешта. Не знам само како би излегла на крај со работно време од 08.00-16.00, но никогаш не вели никогаш..

Има многу жени на кои им се восхитувам, ама ако мора една да одберам , Моника Белучи“, изјави Елена во Убава.мк за својата омилена актерка.

Таа на Инстаграм знае да се пофали со убавите нешта од својот живот, како семејството, одморот на Карибите и работата во ТВ Сител.

Таа во една прилика објави едно интересно стори во кое кажа дека поради потребите на нејзината работа, мора да станува во 5 наутро.

Елена на сториот напиша: Не се разбудив вака, Верче Блажевска ме дотера со локни во 5 сабајле.

По повод роденденот на нејзиниот татко, Елена објави нивни знаеднички фотографии на Инстаграм, во чиј опис напиша емотивна порака.

-Мене како мала кога ќе ме прашале кого најмногу го сакам, секогаш сум одговарала, татко ми! До ден денес, ништо не е сменето! Среќен роденден на вистинскиот Супрмен, напиша Елена.

На едната фотографија се таа и нејзиниот татко кога водителката била многу мала, а на другата се исто тие двајца денес.

Елена се јави од нејзината канцеларија како што напиша на Инстаграм, и ги поздрави своите обожаватели и пријатели.

На сликата, таа облече кратка сукња, ги покажа долгите згодни нозе и порача: Одамна не сум ве поздравила од мојата омилена канцеларија, „Ја сакам Македонија“.

Коментари од типот: Убава жена, преубава, но и еден кој вели: „Леле Ена, многу ве сакам“ беа оставени под оваа објава.

Сега Елена објави уште едно стори, каде што е облечена во црвен фустан, со чипка, и изгледа топ. Елена како да се подмладува со текот на годините, а црвената дефинитивно е нејзината боја која одлично и стои.

Previous articleДевет години без Дуле од Дуле и Коки: Ова е неговата мајка Лепа која ги чува спомените- еве што му искоментира на Коки
Next articleЕлена Ристеска конечно ѝ се врати на старата љубов, избра топ аутфит за оваа прилика и порача што посакува уште 300 години (ФОТО)