Home Live Аца Лукас: Можам да им оставам станови на децата, но не и...

Аца Лукас: Можам да им оставам станови на децата, но не и некои стари вредности

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ официјално се разведоа во 2019 година, иако многу порано се разделија, а за нивната врска често се зборуваше во јавноста, а самиот фолкер во својата книга „Ова сум јас“.

Соња Вуксановиќ има 46 години и очигледно е дека се грижи и за својот изглед.

Соња Вуксановиќ беше во брак со пејачот Жељко Шашиќ со кој ја има ќерката Софија, а по разводот се омажи за пејачот Аца Лукас и ја роди ќерката Викторија. Сепак, ниту нивната љубов не траеше долго, па следеше развод.

Соња има 46 години и очигледно е дека се грижи и за својот изглед, бидејќи изгледа многу помладо отколку што кажуваат нејзините години.

Аца Лукас леташе на одмор со поранешната сопруга Соња од која се разведе пред пет години. Пејачот и креаторката решија заедничкиот одмор да го поминат во Турција.

Аца за Информер вели дека се согласил да лета со бившата само поради нивната ќерка Викторија и дека двајцата не спијат во ист кревет!

– Јас и Соња одиме на море пет-шест дена поради нашето дете. Заедно летото го поминувавме и претходните години. Но јас спијам во еден, а тие двете во друг стан.

Соња и јас немаме односи! Понекогаш размислувам колку би било убаво повторно да бидеме заедно, размислува и таа, но никогаш не доаѓа до тоа… – вели Лукас и додава дека интимниот чин никогаш не се случува бидејќи постојано се караат:

– Во тие неколку дена јас и Соња се караме сто пати! Незгодни сме кога го допираме минатото.

Повторно и повторно ми фрла некои работи, но јас се трудам да не ја слушам. На почетокот ми беше чудно да одиме заедно на одмор, но сега сум океј со тоа.

Фолкерот Аца Лукас проговори за досега непознати детали од неговиот живот.

Фолкерот се присети на своето детство, зборуваше за одгледувањето на децата, четвртиот брак за кој не е подготвен и други работи.

– Сум доживеал секакви работи во животот, ништо не ме фасцинира. Единственото нешто што може целосно да ме поремети и да ми ја одземе сета енергија е нуклеарна вој на, што е сигурно – рече на самиот почеток Аца, а потоа откри дали е подготвен за рестрикциите за струја кои се најавени низ светот.

– Ако снема струја, ќе запалам свеќа. Не сум запознаен со поскапувањата, не знам ни колку чини сега леб, ни метар дрва. Да бидам искрен, најдобро живеев кога јадев четвртина леб од кој ја вадев средината, ставав чипс, па ја враќав средината назад и јадам со неа малку јогурт.

Тоа беше поубаво време за кое тежнеам, тогаш знаевме што е што. Можам да им оставам станови на децата, но не и тие стари вредности.

Тие живеат во едно поинакво време, кое и покрај светскиот напредок само уназадува. Мојата единствена грешка која не би сакал да ја повторат е да користат пороци – искрен беше Лукас, кој потоа проговори за својот љубовен живот и трите брака што ги има зад себе.

– Најлудото нешто што го направив за љубовта беше тоа што се оженив трипати. Мислам дека тоа не е ништо страшно или за осуда.

Многу е подобро некој да се жени неколку пати отколку да остане во лош брак поради околината. Искрено, не би сакал да се оженам по четврти пат, мислам дека тоа не ми треба во животот.

Кога станува збор за емоциите, никогаш не се знае, не ги имам во моментов. Иако утре би можел повторно да се заљубам и да се оженам, тоа е многу неизвесно, не се знае. Љубовта не може да се контролира – објасни пејачот, кој истакнува дека и по повеќедецениска кариера, работата сепак го води.

– Настапите не ми пречат, се заморувам штом паузирам неколку дена од настапот. Кога не пеам, воопшто не спијам. Се трудам да го искористам слободното време и потоа се изморувам. Сега работам на спот за новата песна „Еднаш“, која ќе излезе наскоро – заклучи Лукас.

Previous articleЛила покажа каква била кога беше млада мајка и Филип бил мал: Мајкин син, единствена, безусловна љубов
Next articleЈелена Џоковиќ „на тапет“ кога психолог ѝ кажа што мисли за дувањето свеќи: Не им забранувај на децата