Home Live Лидија Вукиќевиќ освежена и среќна ужива во животот: Можело и вака на...

Лидија Вукиќевиќ освежена и среќна ужива во животот: Можело и вака на кауч да се седи (ФОТО)

Во едно интервју, таа зборуваше за своите два сина, Андреј и Давид кои важат за големи заводници, а нејзните зборови наидоа на многубројни реакции кај жените.

„Сите мајки нека го слушнат ова“, „Браво Лидија тоа е вистинскиот став“, „Сите живееме во време за една ноќ, но тоа не значи дека не треба да биде шмекер и таа една ноќ“, се некои од коментарите.

Eве што кажа Лидија за воспитување на синовите и нивните односи кон жените, па макар и за една ноќ.

–Треба да започнете да го правите тоа на време, за сега да уживате во нивниот избор, нивната околина.

Не можете да воспитувате деца кога ќе почнат да наоѓаат девојки, кога тие ќе започнат да се наоѓаат во друштво.

Доцна е детето да се воспитува во моментот кога ќе го добиете, кога ќе го донесете дома од породилната болница. Верувај ми. Зборувам апсолутно од сопственото искуство.

Син ми Давид, кога беше бебе, кога ќе го исклучев светлото тој почнуваше да плаче, кога ќе го вклучив- престанува.

Јас ќе го уд рев малку по колената- молчи, не смееш да плачеш. Треба да ја развиете таа комуникација со бебето“, вели Лидија.

–Второ, јас не сум мајката што беше скржава да им се посвети на децата. Мајка ми велеше „Ги влечеш насекаде, како кокошки“. И тоа е вистина, јас ги влечев своите деца насекаде и тие беа секогаш со мене.

Дури и по разводот, никогаш не излегував, моето старо соседство го знае тоа. Јас им се посветив на децата, од нивното раѓање, да имам увид и да знам што може да очекувам од нив.

Сега, секогаш нешто може да се случи, ова или она, може да ги поведе друштвото…. Но, вие сте доживотен супервизор. Без наметнување“, вели актерката.

Лидија Вукиќевиќ со години важи за безвременска убавица и одлична актерка која е една од милениците на домашната јавност.

Имено, евидентно е дека Лидија ставила силикони во градите, бидејќи кога ќе ги споредите нејзините стари фотографии со овие новите, разликата е забележлива.

Таа изгледа совршено, па на нејзиниот изглед и позавидуваат и помладите девојки. Затоа, не е ни чудо што најмногу сака да биде во бикини.

Редовно споделува фотографии со своите следбеници на Инстаграм, а секоја објава привлекува големо внимание. Така беше и овој пат. Таа позираше во светло жолти бикини и во еден момент собра над 8.000 лајкови, но и многу коментари.

„Убава сииии“, „Авион“, „Кукла“, се само дел од коментарите. Лидија со години наназад секое лето со својата витка фигура ги остава без здив своите следбеници на мрежите.

Публиката секогаш со нетрпение ги очекува нејзините актерски достигнувања како и секоја нејзина објава на Инстаграм каде што можеме да ја видиме во различни изданија.

Актерката често објавува фотографии на својот Инстаграм профил и често ги воодушевува своите следбеници со својата извајана фигура и женски изглед.

Лидија овој пат објави серија од фотографии и видеа од Италија. Актерката е моментално во Венеција и ужива во пејсажите кои ги нуди овој прекрасен град.

Тоа што мора да се направи во Венеција е возењето на гондола, а Лидија тоа го направи со нозете качени во вис, да се знае како се ужива.

Нејзината витка линија и извајано тело се беспрекорни, Лидија гази на седмата деценија од животот. Пред да замине за Италија, Лидија објави фотографија на која носи само престилка.

Лидија е седната покрај прозорецот, а на прв поглед доаѓаат до израз нејзините слаби нозе. Таа со оваа објава предизвика лавина коментари и комплименти.

Previous articleЈелена Џоковиќ „на тапет“ кога психолог ѝ кажа што мисли за дувањето свеќи: Не им забранувај на децата
Next articleВане Марковски го отвори срцето: Почнав да работам на 15 години, поради финансиската ситуација дома