Home Live Лила покажа каква била кога беше млада мајка и Филип бил мал:...

Лила покажа каква била кога беше млада мајка и Филип бил мал: Мајкин син, единствена, безусловна љубов

Лила поретко на Фејсбук пишува подолги статуси, но еден нејзин статус привлече големо внимание. Статусот е всушност една мудра мисла за животот, за љубовта, за очекувањата, за среќата, а приказната која ја напиша Лила вели вака:

– На крајот на денот најбитно е дали си среќен. И знаете која е најголемата вистина кога е среќата во прашање ?!.. да не ви зависи од никого и од ништо.

Очекувањата не прават несреќни, потребата да бидеме она што другите го очекуваат од нас не прави несреќни, живот во некакви рамки, што ќе речат луѓето е нешто што не оптеретува…

истите тие луѓе на кои не им е гајле дали сте добри со здравјето, дали имате доволно за пристоен живот, како ви е на работа, како ви е во бракот…! Да, дозволуваме од нив да ни зависи среќата, а не треба, не смее….

Секој за себе си знае најдобро, секој знае како му е во сопствената кожа и неговите чевли!

Затоа на здравје на сите вас кои животот го живеат на свој начин, кои го прават она што ги чини среќни кои на време сфатиле дека животот започнува тогаш кога ќе сфатиш дека немаш друг“.

Во интервју за Хибрид.мк, Лила проговори за нејзиното шоу „Се или нешто“ и што си сака најмногу од работата:

-Јас реков дека ако почнам да го работам ова онака, ќе престанам веднаш да го правам, бидејќи не можам да работам нешто што не ме исполнува и не ми е предизвик. Сакам да бидам мотивирана и да се надградувам себеси.

Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца. Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот.

Со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет. Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе.

Заради тоа, јас се уште работам со љубов и ќе продолжам да го правам тоа се додека имам предизвик. Имав среќа мене да ми биде доделен овој проект од мојата телевизија, Сител.

Веројатно во првиот момент кога нема да го чувствувам тоа, не е исклучена можноста да застанам зад камерите, во друга улога.

Омилениот дел од работата ми е комуникацијата со банкарот, кој сакам да го ‘закачакам’, да се надмудрувам со него. Уште еден дел кој го сакам е комуникацијата со гостите.

Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв.

Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините.

Би се вратила на ток шоута, доколку изгледаат како оние на запад. Ми се допаѓа стилот на Елен Деџенерис, динамиката на емисијата, гостите доаѓаат по 10 минути и се изгледа неверојатно забавно.

Се доделуваат големи, милионски награди на дневно ниво на луѓе кои имаат вистинска потреба од нив…

Можеби звучи амбициозно, но тоа е еден проект од кој би сакала да бидам дел бидејќи сметам дека можам да го одработам како што треба“; рекла во едно интервју за Хибрид Лила.

За Лила, денес е многу важен ден бидејќи на нејзиниот син му е роденден. Филип е сега возрасен, а тоа дека мајка му му е најголема поддршка се гледа во објавите на водителката, кога ќе објави слика со синот.

Лила секогаш има многу пофални зборови за нејзиниот син, а за денеска таа објави интересна содржина. Лила објави кратко видео кога била млада мајка, а Филип бил мал, а потоа следуваше слика од сега, кога Филип е пораснат, а Лила на фотографиите од пред и потоа е речиси иста.

„Среќен роденден на мојата единствена, безусловна, вечна љубов“, стоеше во објавата на Лила.

Previous articleПејачката Тања Савиќ ги разочара своите фанови: Луѓето разочарани, не очекуваа ова да им го направи
Next articleАца Лукас: Можам да им оставам станови на децата, но не и некои стари вредности