Home Live Aгнеса не седи со било кој, само на висока нога, во друштво...

Aгнеса не седи со било кој, само на висока нога, во друштво на (не)отровници (ФОТО)

Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали.

Една од многуте негови слики на кои е излезен дали со ќерките или со друштво е сликана во популарен скопски клуб, и на неа сосема кратко пишува: Сношти.

На прв поглед, Орданоски изгледа дека е сам на сликата, но зад него ѕирка жена со руса коса, па изгледа дека по Агнеса, тој повторно ужува во друштво на уште една „плавуша“.

Орданоски се уште ги нема избришано сликите од неговата поранешна сопруга Агнеса Органџиева од својот Фејсбук профил. Една посебно паѓа во очи, а Орданоски е сликан со Агнеса и со уште убавица до него.

И таа е „плавуша“ исто како и Агнеса, а станува збор за Марјана Станојковска. Роберт, Агнеса и Маријана се сликани на прослава на Новата година во 2017 година.

Ова не е единствената слика од Агнеса на профилот на Орданоски, и тој за разлика од многумина кои ги бришат сликите од своите поранешни кога ќе се разделат, не го сторил тоа.

Агнеса Органџиева важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде има повеќе од 50.000 следбеници. На професионален план таа е дипломиран правник, додека на приватен е мајка на две ќерки – Вивиен и Тифани.

Откако, кон средината на март го прослави 10-от роденден на помалата ќерка, Тифани, вчера имаше уште голем повод за славење.

Имено, Вивиен оваа година го завршува средното образование, а вчера ја славеше најважната вечер во животот на еден средношколец.

По повод матурската забава и крајот на средното образование, мама Агнеса организираше забава за Вивиен, а на социјалните мрежи покажа како заблекаска нејзината прва наследничка.

Имено, матурската прослава се одвивала во националната кафана и винарија – Лозница, а Агнеса на својот профил напиша:

,,Среќо моја, од денес чекориш по патеките на новата страна од твојот живот. Горда сум што Господ ме благослови со ќерка како тебе.. ти посакувам среќа, многу љубов и заштита во се што те чека.

Вивиен Орданоска мама секогаш ќе ти биде ветер во грб”, напиша Агнеса.

На сликите кои Агнеса ги објави, може да се види и Роберт Ордановски кој се смешка на една од фотографиите.

Агнеса е и голем верник што покажуваат неколку нејзини објави кои се различни од другите. Овде нема шминка, фризура и скапа облека.

Таа замина на поклоничко патување во Црна Гора, во манастирот Свети Василије Острошки. Изгледа дека во Острог, молејќи се, таа го пронаоѓа својот мир.

И Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали.

Дневниот козметички ритуал ми започнува во 06-30 часот наутро. Често после будење сите изгледаме поуморни, но некогаш мора да посветиме повеќе внимание на вечерната нега ако сакаме да блеснеме со својот изглед наутро.

Во вечерниот ритуал вклучувам неколку чекори почнувајќи со ексфолијација, тоа ми е најдобар начин да ги исфрлам мртвите клетки од лицето, потоа нанесувам ноќна крема и серум за лице.

Наутро веќе лицето ми е свежо и нанесувам само дневна крема, шминка која подразбира пудра, сенка за очи, римел, руменило, маскара и розов мат кармин“, рекла Агнеса во Женски Магазин.

Агнеса во една прилика проговори за најдобар впечаток од нејзиното детство:

-Најинтересно кога бев мала за Велигден ми беше моментот што сите пријатели на моите родители кога доаѓаа на гости кај нас, на мене и сестра ми ни носеа многу киндер јајца… тогаш и се појавија, беа хит.

Една година памтам ги броевме и имаше вкупно 102 киндер јајца… детската соба беше полна со ситни играчки од нив“, рекла Органџиева.

Агнеса ужива во животот, а за тоа покажува нејзината последна објава на Инстаграм. Агнеса, како што и самата има изјавено дека бон-тонот во ресторан е нешто многу важно за неа, претпоставуваме дека мора и друштвото да биде првокласно.

Агнеса овојпат не уживаше во друштво на луѓе, напротив го избра разнобојниот, полу албино питон, кој всушност е неотр овем, а во таа чест Агнеса му пружи рака и го погали.

Previous articleЕве што прави Максо, градоначалникот на Куманово за својата Надица, а ова го кажа таа за нивната љубов
Next articleТрифун Костовски со порака до Снежана Лупевска: Во иднина не го споменувајте моето име