Home Live Дебарлиева објави каде замина по Канал 5, еве кој трансфер го направи...

Дебарлиева објави каде замина по Канал 5, еве кој трансфер го направи и во која ТВ

Навистина речиси три децении, следната година се одбележуваат точно триесет години од моето прво појавување на ТВ“, изјави нашата позната ТВ презентерка и новинарка Билјана Дебарлиева во едно интервју за betty.mk, кое го даде во март годинава.

-Како бројка звучи многу, ама мене чувството ми е како сè да поминало во еден миг. Многу емисии, многу проекти, а преку нив присутна во домовите на многу семејства, пред сè, редовни гледачи.

Нивната почит секогаш ми дава мотив плус да го задржам истиот квалитет, дури да бидам и подобра, зашто како велат, годините си го носат искуството, ама уште поголема е одговорноста со секој изминат ден, месец, година.

Човек учи додека е жив и исто толку треба да вложува во себе и во својата професија. Инаку, креативноста ја црпам од секојдневието, потребите и желбите на гледачите. Поинтересно е кога работите на разновидни содржини, тогаш не ви здосадува ниту вам, ниту на публиката пред малите екрани.

Се менуваат времињата, се менуваат генерациите, ама, за жал, морам да кажам, не на подобро, барем кога станува збор за негувањето на македонскиот литературен јазик, посебно од страна на јавните личности.

Ние, лицата од медиумите сме тие од кои младите генерации треба да го земат примерот за убаво и правилно говорење. Треба многу да се работи, многу да се чита, да се практикува литературниот говор во секојдневието.

Имав среќа во четирите години од моето средно образование да имам професорка по македонски јазик која толку многу ми ја влеа љубовта кон македонскиот литературен јазик, што беше одлична основа за она што потоа беше моја професионална определба, а ја работам до денес.

Многу е важно прво да сакаш, а потоа и да го зборуваш и да го негуваш литературниот јазик, нешто што, за жал, помладите генерации сè помалку го практикуваат.

Паметам како вчера да беше, збунета, исплашена, несигурна во себе, дали ќе прочитам како што треба.

Се сеќавам дека 100 пати го прочитав текстот претходно и фокусирана само на зборовите и речениците, сум ставила маскара на трепките само на едното око, додека читав во живо еден прамен од косата ми паѓаше на лицето, ама јас не се помрднав, зашто најважно ми беше да прочитам точно, без да згрешам.

Со текот на времето сè станува рутина, па некои такви ситни работи не се ни битни, знаеш како да се справиш со нив во моментот. Во секој случај, остануваат убавите спомени од едни убави времиња за кои секогаш со задоволство зборувам!

Мислам дека јавноста отприлика знае доволно за секој од нас, јавните личности, зашто колку и да ја криеш приватноста и да ја чуваш само за себе, не можеш секогаш да се скриеш од будното око на публиката.

Многу сум емотивна, знам да пуштам солза и кога сум среќна и кога сум тажна. Не дозволувам некој да ми го расипе расположението со негативни коментари.

Јас во суштина сум личност која постојано има насмевка на лицето, оптимист сум по природа и во најлошото гледам светла точка, и кога имам некаков проблем си велам: Чекај, застани, не се разочарувај, ќе се најде решение и за ова!“, рече Билјана за Бети.мк

Билјана на Фејс неодамна сподели една новина која многумина изненади. Имено, таа кажа дека опо 11 години си оди од Канал 5 и дека денеска за последне пат се појавила на оваа фреквенција.

-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.

Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе.

До нешто следно… ќе ми фалите“, напиша таа. Дебарлиева тогаш не сподели каде ќе оди следно, и дали повторно ќе го гледаме нејзиниот убав лик и ќе го слушаме нејзиниот убав глас.

Но денес, за првпат откако си замина од Канал 5, денеска објави на која ТВ фреквенција ќе продолжи. Имено, таа ќе ја води емисијата „Фактор здравје“,= на ТВ 24. За овој трансфер, Дебарлиева доби многу честитки на Фејсбук од пријателите откако ја објави најавната шпица.

Нашата позната презентерка и претходно имаше искуство во областа на здравјето и водеше емисии поврзани со оваа тема, а сега ќе се посвети повеќе во емисијата Фактор здравје на новата ТВ фреквенција.

Previous articleПознатиот пејач откри дека од настапи се враќал без скршен денар: Со сопругата немавме за млеко да купиме
Next articleГо сакаат зетот Јасмин како свој син, заедно уживаат во гезмиња- ова се родителите, сестрата и зетот на Гавазова