Home Live Еве што прави Максо, градоначалникот на Куманово за својата Надица, а ова...

Еве што прави Максо, градоначалникот на Куманово за својата Надица, а ова го кажа таа за нивната љубов

За приватнит живот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски доста се пишува и се зборува. Тој е татко и сопруг на убавата Надица, која е наставник долги години.

Димитриевски на Сител во една прилика зборуваше дека имал среќно детство во Куманово, и дека со другарите од маалото играл кошарка, жмурка, џамија, крива магарица и кога биле Олимписките игри во Сараево, формирале тим кој се викал Вучко.

-Можеби тоа динамично детство придонесе денес да се изградам во таква личност и да се однесувам така со моите граѓани, и ги споделувам нивните чувства.

Бев палав, но тоа беше се дел од тогашниот составен живот, и нашите деца го немаат тоа“.

-Јас сум горд што потекнувам од работничко семејство, потекнувам од големо семејство. Баба ми е ден-денеска жива има 94 години. Има 13 внуци, 12 правнуци. Живееме во семејна куќа која буквално се градеше целиот наш живот.

Работевме многу како деца. Не учеа да работиме уште од најмалите години. Јас се сеќавам, одевме на нива, имавме овоштарник и лозје, и бевме посветени на тоа. Баба ми како столбот на ова време, кога бев мал ми пакуваше во фишеци грозје и разни овошја.

И јас одев на оградата близу Градската касарна и тоа им го продавав на војниците кога ќе добиеја слободно. Можеби тогаш се роди една голема љубов кон армијата. Не тераа да работиме. Одев со баба ми на пазар, продававаме.

Тие пари се собираа, се градеше куќата. Потекнувам од добро ситуирано семејство, но многу се работеше. Работници цел живот, се сеќавам мајка работеше двократно“, рече Максим за татко му Димче кој има 72 години, и мајка му Маргица која има 70. Неговата сестра е професр по математика и физика и има две машки деца.

Тие пари се собираа, се градеше куќата. Потекнувам од добро ситуирано семејство, но многу се работеше. Работници цел живот, се сеќавам мајка работеше двократно“, рече Максим за татко му Димче кој има 72 години, и мајка му Маргица која има 70. Неговата сестра е професр по математика и физика и има две машки деца.

Потоа зборуваше дека сопругата најмногу го поддржала кога решил да влезе во политиката. „Главната поддршка доаѓаше од мојата сопруга која се вика Надица, таа е учителка по професија, работи над 15-години.

Имаме три деца, најстариот син е 21 година, ќерка ми уште малку ќе биде полнолетна 18, а најмалиот син е 14 години. Првично, најпотребна е поддршката од брачниот партнер, а потоа и од семејството.

Јас живеам во семејна заедница со моите родители, во истиот тој семен дом. Јас сум горе на спрат. Еве веќе доаѓа време кога децата си го бараат своето, па можеби ќе се одделиме, ќе излеземе во ново живеалиште, но како и да е, тие одлуки се семејни“, рече тој.

Во една прилика, за Женски магазин, Надица ова го изјави за Максим:

– Со мојот сопруг сме заедно повеќе од дваесет и пет години, голема љубов, заеднички предизвици, убави моменти и искушенија. Млади влеговме во политичките води, тој напредуваше и се надградуваше чекор по чекор, а јас секогаш бев и ќе бидам негова поддршка.

Познавајќи го неговиот дух и темперамент го следев со исто темпо. Кога стапи на функцијата градоначалник, животот доби поинаков ритам, стана подинамичен, со повеќе обврски и за двајцата.

Сите настани, случувања и активности треба да се следат и да се поддржуваат. Морам да признаам дека воопшто не е лесно во исто време да си посветен и на семејството, децата, домот, работата и обврските околу неа, но со добра организација, посветеност и работа резултатите се неизбежни.

Мислам дека добро се справувам со сето тоа. Предизвикот е голем, сите те препознаваат. Многупати се случува да побараат совет, помош, поддршка и секогаш се обидувам да помогнам на сите, во рамки на можностите.

Пред се сите сме луѓе, функциите се менливи, а човечноста треба да биде доблест на сите, на крајот зад нас останува само сработеното“, рече Надица. А Максин пак, како вистински вљубен сопруг, ова го рече за неа на Сител:

-Многупати велам, усисивачот е мојата алатка дома. Мојот де е тоа и перењето теписи“, рече Максим. „Мојата жена е жена змеј. Таа постигнува се“, рече градоначалникот.

Previous articleНашиот познат пејач замина на гости кај сестра си во Африка здрав, и два пати се разболе од иста болест која тешко ја помина
Next articleAгнеса не седи со било кој, само на висока нога, во друштво на (не)отровници (ФОТО)