Home Live Градоначалникот на Кисела вода ја пофали својата сопруга и искрено кажа какви...

Градоначалникот на Кисела вода ја пофали својата сопруга и искрено кажа какви проблеми би имал да не била таа

-Најголем предизвик ми е да зборувам за себе во трето лице, особено кога треба да се опишувам себе си’ надвор од политиката.

Но, Орце пак во животот секогаш сакал предизвици и најчесто тие се оние кои ми се двигателот“, рече во едно интревју за Метаболизам.мк, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Орце е семеен човек, сопруг на Мартина, татко на Ведран. Другар кој ден денес негува и одржува другарства од детството и младоста.

Орце е дете родено и израснато во н. Драчево, а понатаму семејниот живот го продолжува во н. Расадник во Кисела Вода.

Израснат во религиозно семејство, а во сите предизвици низ животот вербата кон Бога само ми се зајакнала. Поради неа се изгради во хуман човек кој од срце сака и чувствува среќа кога помага.

Орце е човек кој професионално е дисциплиниран, строг кон себе и работните задачи, а приватно може нескромно да се пофали како еден од најголемите шегаџии во друвштвото.

Орце е човек кој е расипувач на забави во случај ако сакаш да конзумираш алкохол или сакаш да играш на музика во диско, затоа што ни едното ни другото не му претставува задоволство и во неговиот живот како возрасен човек тоа му е комплетно измачување (хахаха).

Орце е веќе изградена личност со ставови и вредности, човек на кој најмногу му значи семејството и кој за цел во животот му е да биде добар пример за неговото дете. Добро е, мислам дека е успешно совладан предизвикот: зборување за себе во трето лице хаха.

-Знаете како рекол Платон, Љубовта е радост за добрите, чудо за мудрите и восхит на боговите.

Од мојата сопруга добивам голема енергија, топлина, радост, добрина, мудрост дури и чуда кога нешто го сметаме за невозможно а се остварува. Мартина е сопруга, мој животен сопатник и мојата најголема поддршка во животот.

Ова не го велам само поради мојата кандидатура, туку така е уште од првиот ден од кога сме заедно секако и обратно.

Заедно се бодриме и чекориме храбро кон се. Таа има огромно разбирање, најдобро ме познава и затоа ја разбира мојата желба нешто да променам на подобро во нашето општествено живеење како граѓанин.

Во кампањата е активно вклучена преку идеи и креирање концепти, заедно со мојот тим се еден моќен двигател на мојата кампања. Придонесува многу.

Еве и ќе ви откријам дека најпрепознатливите идеи доаѓаат токму од неа и истовремено се грижи за нашиот син и сите обврски околу него и домот.

Поддршка ми даваат многу спортисти и сум им благодарам од срце. Пред се тие се мои пријатели и мои омилени спортисти кои ја направиле нашата држава горда со своите успеси.

Сум спортувал активно во тинејџерските години, сега посетувам само теретана. Лојален фан сум на Вардар. А цел ми е да можам во следна прилика да кажам дека сум фан и на некој наш спортски клуб од Кисела Вода кој би бил прволигаш.

Поради тоа се залагам за подобри услови за спортистите во нашата Општина. Бидејќи ние имаме квалитетни спортисти и надарени таленти, но за жал немаме квалитетни услови за тренирање какви што заслужуваат“, кажал тој во Метаболизам.

Ѓорѓиевски гостуваше во емисијата „Жешко столче“ на Јутјуб, чиј водутел е Никола Трпковски, и кажа интересни нешта, а меѓу нив и некои приватни, и некои професионални.

– Мене ми дава за право да се гордеам сои мојот тим, со мојата екипа, да се горедам со она што го работиме изминатиот период, и мислам дека веќе ни стануваат прелесни предизвиците.

Така да јас би типувал, откако ја средиме општинава, откако сите недостатоци ги анулираме, и донесеме едни многу подбри и посовремени услови за живот, би типувал на град, не би типула на општина“, рече Ѓорѓиевски.

-Имам четири ипол годишен син, се трудам целото слобопдно време да му посветам на него и на сеопругата, но знаете, некогаш не можете да стигнете. Ете, се случува за некоја прослава, за некоја слава, ете да имам состаноци до доцна и да доцнам на тие прослави…

Сопругата е многу свесна и имам голема поддршка од неа, затоа што знаете ако на време во бракот тие работи не се избалансираат, може да има проблем после. Долги години е со мене, и таа секогаш во моментите кога јас би затаил, она ме надополнува…

Така да, она и е сериозна потпора, и да не е така, јас не знам како би функционирал во овој дел“, рече градоначалникот на Кисела вода. Кажа и дека завршил средно медицинско, и ако не би бил политичар, би бил доктор.

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА. 

Previous articleВо фармерки и маичка, Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на Пендаровски каква што не сме ја виделе досега, овој човек е заслужен за тоа (ФОТО)
Next articleЗоки фаци откри колку „кошта“ и се пофали што носи (ФОТО)