Home Live Заборавив еден важен документ во cтpанство, а познатиот пејач се понуди да...

Заборавив еден важен документ во cтpанство, а познатиот пејач се понуди да ми го донесе

Пејачот кој својата кариера ја започнал кон крајот на деведесеттите години и ден ден е популарен на естрадата. Тој е во брак со пејачката Марта Савиќ, со која ја имаат ќерката Елена.

Пејачот има низа хитови кои сите ги сакаат и пејат, но сепак никој не знае кое е неговото вистинско име. Она што е исто така интересно е дека е роден на 1. јанураи, односно на Нова Година, а неговото вистинско име е Милојко.

Миле Китиќ и Марта Савиќ воопшто не се штеделе, па за секој член од семејството во нивниот дом направиле по еден спрат.

Има и внатрешен базен кој само со допир на едно копче може да биде надворешен.

„Различно е кога човек го ужива во луксуз на готово, а различно е кога за тој лускуз мора да се потрудите. Полека и чекор по чекор средив сама, секој детаљ во домот сама го купив и наместив. Ништо од ова не е паднато од небо.

Некогаш ми е тешко бидејќи сакам сама да се грижам за оваа куќа и поради тоа сум горда на себе, изјави Марта во една прилика и додава:

Секој дом треба да личи на газдата, многумина мои пријатели ми се јавуваат за да им помогнам кога уредуваат стан или куќа. Мислам дека е голема грешка што не почнав да ја работам таа работа, вели пејачката.

Миле во една прилика проговори за татко му:

„Татко ми не беше многу опасен. До 15 години живеев на село, татко ми отиде во Америка, јас бев најмал. Бев домашно милениче и бев заштитен, татко ми не беше строг. Кога завршив високо училиште, имав одлични односи со моето семејство, татко ми беше влијателен човек.

Тој беше во при твор за време на војната, беше во Германија 5 години, а пред вој ната посетуваше училиште, па беше советник во село, бевме сложно семејство, но многу сиромашно.

Се што имавме трошевме на храна, ми недостигаше да купам патики, топка, но го немаше, се немаше пари. Никогаш немав пари да купам сладолед, но имав каде да спијам“, рекол Миле.

Елена, ќерката на Миле и Марта започна музичка кариера, но во различен правец од нејзините родители.

Миле Китиќ има помлада ќерка, Елена Китиќ, која повеќето ја знаат која ја има со Марта Савиќ, а многумина не знаат дека пејачот има уште една наследничка која не се занимава со музика.

Како што се наведува, Китиќ на само 21 година се оженил со жена по име Босилка со која ја добил ќерката Сања, а се развеле во 1983 година.

Семејството сега не ја ни гледа ќерката Сања, додека наследничката од првиот брак доаѓала на гости кај татка си кога била помала. Братот на Миле, Немања, неодамна проговори за состојбите во поширокото семејство Китиќ.

Тој му помагал на својот помлад брат кога нивните родители биле во Америка преземајќи го старателството над него и школувајќи го.

Фолк пејачот Миле Китиќ, ако ви се верува на непозната жена на Твитер, и’ направи многу голема услуга.

Имено, една жена на социјалната мрежа Твитер раскажа како пејачот и’ помогнал кога не можела да се снајде. Деталите ги изнесе на социјалните мрежи и го пофали Миле.

„Помина една недела од овој интересен настан. Бев на пат, во понеделникот требаше да отидам во агенцијата во Белград и да донесам некои документи.

Забележав дека ми недостасува еден од документите (оригиналот) и заклучив дека ми останал во Франкфурт. По копнен пат не можеше да стигне за толку кратко време, потоа проверив, има лет навечер.

Прашав во група на Фејсбук дали можеби некој лета со тој лет, а мојот човек оттаму само да му го подаде документот.

Се јави еден лик и ми вели дека Миле Китиќ оди натаму, прво мислев дека е шега, па тој ми прати оглас дека навистина Миле пее во бар во Франкфурт од ручек до вечерта“, напиша таа, а потоа додаде:

„Ги замолив луѓето кои беа таму во Франкфурт да му го однесат таа документ на Миле Китиќ.

Тие ги најдоа во кафеана, тој со задоволство прифати и ми кажа кога да го чекам на аеродром. Заминав, чекав, му се заблагодарив на човекот, а тој скромно ми одврати дека не бил никаков проблем.“

Previous articleНашиот познат музичар од „Мерак меана“ е во невоља – се огласи Трајче Толевски
Next articleПознатиот пејач откри дека од настапи се враќал без скршен денар: Со сопругата немавме за млеко да купиме