Home News Стевчо: Ќе сносат ли одговорност тие што повикуваа на бојкот и поради...

Стевчо: Ќе сносат ли одговорност тие што повикуваа на бојкот и поради кои сме само 56 проценти

На крајот на март, оваа година, беа објавени резултатите од спроведениот попис, после кои имаше големи реакции.

Општиот заклучок беше дека бојкотот во македонскиот дел, особено во дијаспората, беше непотребен, односно на штета на Македонците.

Од македонските партии, на бојкот повикуваше Левица, а во дијаспората, некои нашинци од Канада, кои во прв момент истакнуваа дека е најголем патриотски чин секој да се попише, за веќе следниот ден, веројатно инструирани од структури од Македонија, да повикуваат на бојкот.

Ваквите ликови комплетно го загубија кредибилитетот во јавноста, особено по излегувањето на резултатите и поразувачките бројки за Македонците.

Во таа прилика, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, меѓудругото рече:

„…Македонците што го бојкотираа пописот направија штета на пописната слика за Македонците во државата.

Државниот завод за статистика мораше преку базите на МВР да ја обезбеди етничката, верската и јазичната припадност на овие непопишани граѓани, си што ќе обезбедеше компленти и реални податоци.

Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи електронски попис по европски стандарди со што ќе се обезбеди реална пописна слика во Македонија.

Останува фактот дека има околу 200.000 граѓани кои се иселени и оваа бројка е поразителна за државата, за сите општини, а особено за неуспешните економски политики на актуелната влада.“

На овие факти, деновиве во дебатна емисија, потсети и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски:

-Пак ли ќе кажеме дека Албанците ни се криви, што ние сме излегле 56%? Дегутантно е. Криви се тие што ги повикуваа луѓето да бојкотираат, 150 000 Македонци не се попишаа.

Ќе сносат ли политичка одговорност тие? А, поголема штета никој не направил на Македонија. Милијарди нека се украдат, ќе се заработат. Ама ова отиде, готово.

Кои се тие што повикуваа да се бојкотира? И после бојкотот? Кога се одлучи веќе да се оди на попис, зошто се повикуваа луѓе на бојкот?

Ќе сносат ли одговорност тие луѓе? 150 000 луѓе не се попишаа, Македонци.И затоа излеговме 56%, затоа имаме такви бројки.

Левица се си кажа со излегувањето од парламент и со не гласањето против бугарскиот договор.
Што сега се вадиме како минус пред заграда? Ќе се криеме зад народот?

Ако имаа против, требаше да си останат внатре и да гласаат „против“. Си се тргнаа, се повлекоа, извештаите во Европа се дека ниеден глас „против“ немало.

Сега што ќе се обидуваме да се переме со тоа што ќе сакаме да се криеме зад народот. Тој референдум и на врапчињата им е јасно дека ќе биде неуспешен.

Нас за позитивен референдум ни требаат 940 000 луѓе да излезат. Ние сме 1000 050 Македонци, над 100 000 не се во Македонија, од тоа 300 000 претставници што гласаа за власта нема да гласаат.

Седумдесет проценти нека излезат, не можете да соберете повеќе од 300-400 000 луѓе. Нема шанса да пројде“, рече лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во емисијата „Само вистина“.

Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleЈа остави музиката, се пресели од Македонија и сега се слика на плажа во Холивуд- му се посреќи на нашиот познат пејач (ФОТО)
Next articleEве како изгледа едно патување на Илина: Прави склекови во шатор, а Игор ја објави нејзината пауза од планинарење (ВИДЕО)