Home Live Треба да се скpшат сите огледала, и секој на секого да му...

Треба да се скpшат сите огледала, и секој на секого да му дава комплименти: Драган Спасов- Дац раскажа поучна приказна

Нашиот познат актер, Драган Спасов Дац смета дека за да си добар актер, треба да имаш талент пред сѐ, а ова го објасни во едно интервју за Медиум.мк, з аборуваше и на други теми.

– Треба да се работи, без разлика на тоа колку многу е талентиран човекот, но за оваа работа талентот е многу важна работа. Тој што нема талент не може да глуми во театар. Но, во филм може. Зависи од режисерот, во филм може да игра речиси секој.

Во театар, тоа публиката може да го забележи. Кога слушаш некој како пее, не може да те излаже. Ако имаш слух, точно знаеш кој пее добро, а кој пее лошо. Така и во театар се забележува.

Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови. Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш.

Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор. Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата. На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата.

Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе. Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот. Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот.

Мислам дека премногу се седи на Фејсбук, Инстаграм и сѐ останато. Порано имаше многу повеќе движење. Јас не бев прибран дома, бев цело време по улица.

Не дека „лутав“ и правев глупости, туку играв кошарка, школица, сервис, не е важно – сѐ игравме. Постојано возевме со нашите велосипеди.

Дома се прибиравме само кога ни се јадеше и нормално, кога моравме да учиме. Арно ама, голем дел од младите само со телефоните седат.

Прво нема муабет, цело време се со телефончето и само зјапаат во него. Второ, цело време се седи дома и со часови се губи време“ кажа Дац.

Дац на Фејсбук раскажа вистинска приказна за животот, тоест за тоа како луѓето имаат искривена слика за себеси, и како некогаш со коментар може да се навреди другиот.

– Криви огледала. Господарот на едно кралство, едно утро се разбудил и се погледнал во огледалото. Не му се допаднал неговиот изглед. Главата му била малечка, стомакот огромен а нозете криви.

Долго време мислел дали е до него или до огледалото, во кое го гледал својот одраз. Тогаш се консултирал со својот прв советник по естетика и по кратки преговори, советникот му рекол:

-“Треба да се уништат сите огледала во земјата, вие сте прекрасен, огледалата се криви!” За кратко време не постоело ниту едно огледало во земјата. И… господарот бил среќен.

Тогаш се појавил друг проблем. Луѓето не можеле да се огледат, не можеле да се дотераат, исчешлаат, облечат, не можеле да ја задоволат својата потребата за естетика… И, господарот бил среќен.

Минувало време… Луѓето полека почнале да го губат мислењето за себе, им станало сеедно како изгледаат и како другите ги гледаат. Информациите за својот изглед најчесто го добивале од своите најблиски.

Но… Зборовите од типот: грд си, дебел си, имаш голем нос, криви нозе, голема глава и слично, биле забранети и најстрого казнувани.

Така оддеднаш сите луѓе во ова кралство станале “убави”, со перфектни пропорции и биле “среќни”. И господарот бил среќен.

– Како добро изгледаш!

-Навистина?… и ти исто така! -Благодарам.

Се делеле комплименти на сите страни… А НИКОЈ, НИКОГО, НЕ СМЕЕЛ ДА ГО ПОГЛЕДНЕ ВО ОЧИ!
ДСД.“

Previous articleМилена од Канал 5 го покажа својт брат, еве како е тој поврзан со многу наши музички ѕвезди (ФОТО)
Next articleБара помош од луѓе на кои им го земал лебот- негативни коментари за музичарот Трајче Толевски на кого пријателите сакаат да му помогнат