Home News Трифун Костовски со порака до Снежана Лупевска: Во иднина не го споменувајте...

Трифун Костовски со порака до Снежана Лупевска: Во иднина не го споменувајте моето име

Во својата последна емисија КОД, познатата новинарка Снежана Лупевска и нејзините соработници, правеа истражувачка анализа на работењето на Еуростандард банка.

Редица фирми во Скопје со директори и управители од Венецуела биле основани пролетта 2019-та на две локации во главниот град, открива КОД во вечерашната емисија, а пренесува порталот на Телма.

Со истражувањето во емисијата се покажува дека фирмите од тој таканаречен Мал Каракас во Скопје учествувале во операција за префрлање на 110 милиони евра од јужна Америка преку сметки во Еуростандард банка.

Надлежните органи го истражуваат случајот, но поради сензитивноста на истрагата не откриваат детали.

Првите трансакции на големи суми евра биле забележани во април 2019-та години. Моделот бил ист, биле уплаќани на сметки на македонски фирми, а главно доаѓале преку Русија, една од ретките земји која нема санкции за лидерите на режимот во Венецуела.

Трагата на парите Москва-Скопје лесно се потврдувала, велат изворите на КОД. Но невообичаено било тоа што иако парите се врзувале со ретките Венецуелци во Македонија никако не можело да се најде трагата и врската Каракас-Москва.

Парите не минале низ СВИФТ системот како што минувале кон Македонија, па претпоставката која по проверка на авионски летови Каракас-Москва се покажала како најверојатна била дека до Русија биле префрлани во кеш, со авиони.

Потоа преку руски банки патот продолжувал кон европски земји, а 110 милиони евра завршиле во Македонија, на сметки отворени во Еуростандард, пренесува Телма, детаљи од емисијата КОД.

Снежана Лупевска во текот на емисијата, кажа дека бил контактиран Трифун Костовски, кој одбил да даде интервју. Костовски потенцирал дека незнаел за трансакциите кои му ги посочиле.

Трифун Костовски вчера на својот профил на социјалните мрежи, потсети дека самиот тој иницирал и финансирал истрага за пропадната банка, со цел да се открие вистината и побара да не биде споменувано неговото име:

„…Ме зачудува несериозноста на оваа истражувачка емисија која повеќе наликува на шпекулации, иако објавениот референтен извештај од господинот Драго Кос, финансиран од моја страна, дава многу јасни патокази каде треба да се води истрагата.

Целта на овој извештај беше не да се штитам себе си, туку напротив да укажам на криминогени дејанија во банкарскиот свет.

Госпоѓо Лупевска, вие ја водевте вашата емисија КОД за т.н. криминал во Порцеланака-Велес и моето криминогено досие. Епилогот ви е многу добро познат, се судривте со вистината. Кри минал во мене не барајте и ве молам во иднина да не го споменувате моето име во вашите емисии доколку немате аргументи, во спротивно ќе се соочите со тужба за клевета…“

Ова е извадок од мојата утрешна колумна насловена „Еуростандард банка vs КОД – привид или вистина“ која ќе можете да ја читате на порталот Човекот пред сè и партнерските портали“, напиша вчера Трифун Костовски.

Previous articleAгнеса не седи со било кој, само на висока нога, во друштво на (не)отровници (ФОТО)
Next articleЛозано во Америка со бившиот дечко на Ноне, го нарече виновник за важно нешто (ФОТО)