Home News Анима Мунди и кажа фала на Данела: Ова е прв пат, граѓански...

Анима Мунди и кажа фала на Данела: Ова е прв пат, граѓански активист да се стави за директор

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, назначи нови директори на јавните претпријатија од каде претходниците заминаа со оставки, пренесе МЕТА.

Градот Скопје соопшти дека денеска се назначени нови в.д. директори на јавните претпријатија под капата на градската администрација, а чии директори си дадоа оставки во изминативе десетина дена.

Како што стои во соопштението од Град Скопје, со ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид.

На в.д директорската позиција во ЈП Градски паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека во ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, во ЈСП Александар Стојковски и во ЈП Водовод и понатаму директорува Марјан Митевски.

Инаку, најголемиот удар врз администрацијата на првиот човек на градот, градоначалничката Данела Арсовска, беше оставката на доскорешниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза.

Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Од Анима Мунди, предмалку на својот профил на социјалните мрежи, излегоа со соопштение во кое и се заблагодаруваат на градоначалнилчката:

„Активисти, љубители на животни, хумани и чесни граѓани!

Ве информираме дека Радмила Пешева, веганка, активистка за правата на животните, основач и потпретседателка на Анима Мунди, денес од страна на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е назначена за в.д. директорка на ЈП Лајка.

Радмила Пешева е носечки активист за правата на животните од нашето основање во 2009 година, борец кој не се откажува, сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица.

Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани; третманот на бездомните животни беше и остана нашата примарна борба.

Ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата, за што ѝ благодариме на довербата на градоначалничката Данела Арсовска.

Пред сè, ова е огромна одговорност и предизвик, особено во услови на повеќе од ограничени финансиски ресурси и криза.

Повеќе нема да должиме, за конкретни чекори ќе бидете информирани наскоро, ве повикуваме да ја следите и официјалната страница на ЈП Лајка.“

Previous articleКаква е ситуацијата во моментов – нашинец кој живее на Флорида со изјава за Инфо 7
Next articleЛатас до Данела: Не можеш на партија која те довела на власт на тој начин да и се обраќаш