Home Live Дали Емилија Розман се пресели од Македонија, објави слика од луксузна куќа...

Дали Емилија Розман се пресели од Македонија, објави слика од луксузна куќа на море која ја нарече „доме, сладок доме“ (ФОТО)

Нашата мисица Емилија Розман која е инаку дефектолог и голем хуманитарец, поточно волонтер во Црвениот крст, во едно интервју за voiceskopje.org се опиша себе си каква е како личност.

Луѓето секогаш се збунуваат кога некој ќе праша кој е тој и тој, Јас сум јас. (хахаха) Јас сум сето тоа што го правам во животот, луѓето што ме опкружуваат, моето секојдневие, работите што ги правам, музиката што ја слушам.

Обична девојка која заврши на Институтот за Дефектологија на Филозофскиот Факултет, и паралелно си влезе во една нова авантура Шпански јазик на Филолошки Факултет Волонтер сум во Црвен Крст уште од мојата 10та година и тоа е нешто што ме исполнува и ме прави најсреќна на целиот свет.

Работам и како модел што многу луѓе нели тоа го потенцираат и покрај тоа што сметам дека треба акцент да се стави и на други работи но тоа е тоа, и така накратко тоа е Емилија Розман.

Како што кажав волонтер сум уште од својата 10та година и тоа е најдоброто нешто што го имам направено за себе во животот поради тоа што уште од млади години ме изгради како личност ме научи на премногу работи што ги знам во животот.

Искуството што го стекнав таму и луѓето кои ги запознав, сите обуки на кои присуствував ме научија и изградија да бидам посебна личност во смисол личност која сакам да бидам што во денешно време во нашето општество е помалку тешко да се постигне.

Го поддржувам волонтерството и без разлика дали се работи за волонтирање во хуманитарна организација како Црвениот крст, убаво е да се волонтира пред се поради дружбата и искуството кое се стекнува,другарствата кои се остваруваат итн“, рекла Емилија.

Потоа, таа раскажала како почнала нејзината авантура со моделството.

-Започна отприлика околу мојата 17та година, реално цел живот бев машкоданка, обожавав да играм фудбал, да играм кошарка, не ги сакам многу многу оние барби работи на некој начин не ми беа така привлечни интересни.

И брат ми често ми кажуваше “Не треба да се каеш за работите што ги имаш направено, но за тие работи кои ги немаш направено”.

Јас на 17 год. со мојот детски мозок размислував што јас немав направено во мојот живот, нели на таа возраст е огромна работа да имаш 17 години (хаха) и дојдов до заклучок дека може треба да пробам нешто така по женствено да бидам манекенка.

И така започнав со курс што реално во нашава држава е смешна работа , и така влегов во тие води и одеднаш почнаа да ми нудат ревии, каталози, сликања и се друго што тоа мене ми беше забавно на таа возраст поради тоа што нели сеу ште не си насочен што точно сакаш да бидеш, професија и слично.

Запознавав луѓе бев во тие кругови и беше интересно. И така сето тоа на некој начин продолжи да си функционира, почнав да заработувам, ми се пружи можност да патувам низ светот што е мојата најголема желба.

Работите си течеа сами по себе иако не очекував дека ќе завршам во тие води, затоа тогаш најнебулозната работата за себе што можев да ја замислам е дека ќе станам толку женствена и манекенка но, се случи.

пред се супер се патувањата, луѓето кои ги запознавам, и да кажам сметам дека сум ете благословена ако можам така да се изразам или не знам среќна што универзумот и Бога ми подариле таква можност , ме навеле на тој пат да можам да шетам да го работам тоа што го сакам, што ме прави среќна што е интересно.

Запознав многу различни кулури, запознав многу девојки од различни места на светот и е многу интересно да се види каков е нивниот начин на живот како функционираат работите надвор од нашата држава.

Култура, традиција, животот едноставно што они го живеат е многу поразличен од нашиот и многу се прошируваат видиците кога се има можност да се комуницира со огромен број на различни луѓе кои секојдневно влегуваат и излегуваат.

Тука се и негативните работи, сите тие луѓе ми недостасуваат, секој во својата страна на светот, но благодарение на интернетот и денешните технологии имаме можност за комуникација и да бидеме во контакт дури секој ден“, кажа Емилија која сега има своја цвеќарница и продавница за украси.

Емилија Розман со својата нова објава ги збуни своите следбеници. Таа објави слика покрај море, во лускузна куќасо базен, како пие шпанско вино и се освежува со овошје.

Она што е необично на оваа слика е што нашата мисица нашишала Доме, сладок доме, па не се знае дали таа се преселила од Македонија или е само на одмор во Шпанија во Марбеља.

Previous articleЕве како денес изгледа синот на Дани Димитровска, мајката му упати емотивна порака во Холандија каде што живее (ФОТО)
Next articleПо долго време се огласи Маја Поцевска, водителката со бyјно дeкoлтe сега е уште поубава (ФОТО)