Home News Латас до Данела: Не можеш на партија која те довела на власт...

Латас до Данела: Не можеш на партија која те довела на власт на тој начин да и се обраќаш

Вчера во дебата на Канал 5 телевизија, во емисијата „Само вистина“, ставовите ги соочија поранешниот пратеник Павле Богоевски и новинарот Драган Павловиќ Латас.

-Идната власт треба да направи ревизија во работата на ЕВН и каде отишле 30 милони кои се исплатени на Никоб, откако Никоб ги примил тие пари, како и да се утврдат можни врски со индиректно или директно луѓе од сегашната власт, изјави новинарот Драган Павловиќ Латас за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Латас посочи дека оваа фирма одеднаш станува централна фирма и во најголеми работодавачи и најпрофитни компании во државата и има 30 милиони земено за обезбедување на ЕВН.

– Имате фирма во Струмица која се занимава со бодигарди и со фармација, и во исто време се занимава со ковид тестирање.

Имате фирма во Струмица која со ЕВН има договор по доаѓањето на СДСМ на власт 2017 заклучно со последниот договор во 2021 со кој добива за обезбедување 30 милиони евра од ЕВН. Фирма која била бунар фирма претходно и се занимавала со обезбедување, дискотеки кафани, истакна Латас.

Тој посочи дека каде што било малку по 4-6 милиони годишно се измислило истражување во обезбедување само за да земе пари, а истовремено таа фирма е директен финансиер и логистика на СДСМ и нивните невладини организации и медиуми, што може да го видиме по нивното ппојавување на нивни реклами, спонзорства, појави, бранење на политиката.

– ЕВН наплаќа струја кое е неосновано со висока цена. ЕВН е продадена од страна на СДСМ во 2005 со 1000 откази во еден ден и потоа е правено ревизија. Колку пари вложиле од свои средства, а колку пари од трансформатори и земјиште земени од граѓани и фирми.

Таа фирма денеска ќе видите дека денеска е партнер само на медиуми и невладини на СДСМ и финансиер на нивните политичари, потенцираше Латас.

Латас додаде дека им се дозволува на ЕВН од страна на регулаторот за енергетика да наплаќаат транспорт на струја повеќе од цената на струја, 11% провозија и работи кои никој не би ги дозволил.

На ВМРО-ДПМНЕ централен фокус му се да добијат парламентарни избори, да се формира влада.

Затоа гледа што подобро да биде работата на сите градоначалници како Кисела Вода, Бутел, Аеродром, Ѓорче Петров, така и Скопје. Нема никакви обиди за смена, партијата победи убедливо на локални избори, рејтингот на партијата и по меѓународни анкети е 2 спрема 1 скоро во однос на СДСМ, и тука нема никаква причина за смена, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарот Драган Павловиќ Латас.

Латас посочи дека спорот со градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, кој таа го предизвика, е несакан инцидент кој е лоша постапка, бидејќи носи одговорност пред партијата која ја донела на таа позиција, додека повеќе од јасно е дека во тендерот во Водовод нема ништо спорно.

-Ако го гледате спорот има брзо решение, според документите и дописите добиени од Европска банка, во тендерот во Водовод нема ништо спорно.

Што значи нема спорен тендер. Парите не се на македонска сметка ниту ќе бидат, тие се на Европска инвестициона банка и таа ги дава согласно своите проценки. Тие имаат најмногу информации и викаат со тендерот нема ништо спорно, истакна Латас.

Тој додава: „Не можеш партија која те донела на таа функција, на тој начин начин да и се обраќаш и да кажеш дека не одговараш.

Одговараш пред тој што те донел. Сепак, тие што гласале за Арсовска не згрешиле, таа има добар капацитет, но заради политичко неискуство влезе во шарено друштво кое и наметнува стил на однесување кој не е нејзин, таа сепак е експерт со студии од странство и член на престижни институции и треба да размисли за својата постапка и да се дифузира тоа.

Мораат да соработуваат, таа одговара пред гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кои ја донеле на власт, одговара и пред сите скопјани затоа што сите плаќаат данок за работа на Скопје од стотина милиони евра годишно, рече Латас.

Previous articleАнима Мунди и кажа фала на Данела: Ова е прв пат, граѓански активист да се стави за директор
Next articleКајмакоски се отвори за српските медиуми: Сакав да ми успее бракот, ама…