Home Live Лозано се спрема денес да растури во Чикаго: 2 леба, кашкавал, јајца,...

Лозано се спрема денес да растури во Чикаго: 2 леба, кашкавал, јајца, сирење, тоа ми треба

Во една прилика, во Женски магазин, Влатко се сети на интересна анегдота од својата кариера кога бил во шоуто „Мак ѕвезди“ кое го водеше Драган Вучиќ и раскажа:

„Се сетив на тоа кога уште на стартот на шоуто на „Мак ѕвезди“, сакав публиката да ме знае како Лозано, поради тоа што претходно сите ме познаваа така.

Во една прилика кога им кажав во шоуто дека сакам така да бидам именуван, добив одговор дека мора со целосно име и презиме, дека потоа сите учесници ќе сакаат да бидат именувани по нивен избор, а на почетокот бевме 30 натпреварувачи“, рекол Лозано.

Потоа, се сетил на своето детство: „Имав прекрасно и безгрижно детство, во моето родно Кичево. Бев опколен со прекрасни луѓе, моето семејство, моите соседи, имаше тогаш многу дечиња, мои врсници.

Правевме најразлични будалаштини, од сѐ правевме игра, измислувавме игри, се радувавме на обични работи, си правевме засолништа и куќи од делови, врати, хауби, гуми од коли. Бевме махери за сѐ, трки со бицикли низ маало (така во Кичево ги викаме велосипедите).

Играње со топка од утро до мрак, па во текот на денот мајка ми или баба ми ќе ми викнат од дома: “Влаткоооо ајде да јадеш”, затоа што мене не ми текнуваше на тоа и ќе појдев ќе си скршев краишник од леб и пак се враќав.

Се качувавме на црешни, кајсии, сливи, па ќе излезеше газдата па ќе не брка. Игравме били (џамлии) на сликички од стари албуми, тогаш беа популарни албумите со Тарзан, Нинџа Желки, Краш, Штрумфови, па Турбо мастиките со сликички со автомобили, болиди..

Често одевме на село кај баба и дедо, па таму си игравме со сестра ми со најразлични животни, имаше крави кои сите до една си имаа име, па зајачиња, се храневме исклучиво со здрава храна набрана од градина.

Уште се сеќавам на вкусот на храната, на мирисот од тоа време. Па навечер кога ќе се стемнеше немаше струја, ќе вклучеше баба ми фенер… Прекрасно детство во секој случај“.

Лозано за истиот портал, во една прилика дал интервју и зборувал на многу теми, а раскажал и за неговиот карактер и начин на размислување во одредени ситуации.

– Се трудам да не избрзувам со ништо, за секој проблем секогаш или има или нема решение или има компромис, и пробуваме да живееме со тоа, без разлика на тоа дали нам ни се допаѓало или не.

Ние сите се нервираме, но сите на свој начин тоа го манифестираме, дојде такво време каде што секој си има свои борби, свои рунди, бесконечни рунди со реалноста каде што некаде победуваш, некаде губиш, негде бараш втора шанса“, рекол Влатко.

Потоа раскажал за моментите кога обожавателите го „напаѓаат“, во позитивна смисла на сворот секако.

Генерално ми се случува тоа да, кога сум на гости или на прошетка во нова средина, тоа е поизразено, не е тоа нападно или секојдневно, но секој што ќе ми се приближи се трудам да го испочитувам најмаксимално драго ми е што сè уште е така и што им носам на одредени минувачи некој вид на позитивна мисла и насмевка.

Потоа, дошло на ред прашањето- тоест она што девојките ги интересира, поточно неговите обожавателки: Сè уште е енигма за јавноста твојот љубовен живот. Дали си вљубен и емотивно исполнет?

Лозано кратко одговорил, но признал дека има девојка и е вљубен, а тој инаку откако раскина со Савка не зборувал за љубовта.

-Да, сум, благодарам на прашањето, сега засега одлично се чувстувувам“, изјавил Лозано во Женски магазин.

Лозано веќе некое време е во Америка, каде што одржува концерти за нашите иселеници таму и секаде е полно и весело, според снимките кои ги објавува на социјалните мрежи.

Ова ќе биде плоден период за нашиот познат пејач, а на неговите многубројни хитови ќе се радуваат нашите иселеници.

Инаку, песната „Километри“ е голем хит во дијаспората, а сигурно многумина ќе се радуваат кога ќе ја слушнат во живо.

Лозано утре (четврток) настапува во Чикаго на приватна журка, следниот ден ќе пее во Индиана, а на први наредниот месец во Њу Џерси каде што живеат многу нашинци.

Потоа, пејачот се враќа во Македонија и нема да прави пауза, туку веднаш потоа ќе настапи во Охрид.

Имено, Лозано се сликаше со Ристе Тевдоски, бившиот на Ноне, како се седнати на маса во Лас Вегас и прават список, а погледот од кај што седат останува без зборови.

Лозано го фотографираше списокот, на кој пишуваше: 2 леба, кашкавал, јајца, сирење.

Previous articleИгор Џамбазов: Ги добив пезултатите, веќе 2 месеци боледувам од ретка болест, Ирена Спасовска го знае лекот
Next articleКристина добила 50 евра од тетка ѝ на свадбата: Ми се лути, бидејќи се омажив за сиромашен човек