Home Live Еве со каков бизнис се занимава семејството на Ламбе, ова е главната...

Еве со каков бизнис се занимава семејството на Ламбе, ова е главната заработка на Алабаковски

Нашиот пејач Ламбе Алабаковски минатата година се врати од САД каде живееше одреден период, а замина кога беше на врвот од својата слава, а сега е повторно доста актуелен во домашните медиуми.

Пред извесно време од порталот bitolanews.mk разговарале со него и правеле фотосесија, а група тинејџери го препознавале и се фотографирале со него.

– Кога се вратив од Америка мислев дека ќе бидам анонимен, дека ме заборавиле, искрено вели Ламбе.

Има голем интерес за мои настапи, на кои се уште ја има онаа еуфорија, пеат сите, ги знаат од збор со збор сите мои хитови.

Мислев дека ме заборавиле, ми изгледаше долг период од 7 години колку не бев тука.

Овие девојчиња тогаш имаа 8,9 години. Во туѓа земја можеш да имаш се, но душата е празна, да живееш во своја земја и да фали нешто, душата е полна. Тоа е тажната приказна на сите оние кои заминуваат од својата земја.

Овде сум свој на своето, се чувствувам како и да не сум заминал. Тоа е мое мислење и така се чувствувам. Еве продолжив со настапи низ локали, дискотеки како и да немало прекин. Со групата “Марифет“ настапуваме во Битола и имаме закажани настапи низ цела Македонија.

-Пораснав во Љубојно, за мене најубавото село во Преспа, опкружено со прекрасна природа и со богато културно уметничко наследство. Потекнувам од музичко семејство.

Моите дедо и баба Ламбро и Менка Алабаковски беа оние кои ги започнаа „Илинденските иселенички средби“ во Љубојно Преспа пред 70 години. Настапуваа таму, но и во Битола на Илинденски деноиви, имаа нстапи во Белград со традиционалната македонска музика.

Ја негуваа нашата стара традиција на македонска музика цели 50 години. Мојот татко Лазар Алабаковски исто така животот го посвети на музиката.

Неколку години настапуваше во хорот на операта при МОБ. После 8 години се враќа во Битола и работи какао наставник по музичко образование, од каде и заминува во пензија.

-Растев со музика и пројавив интерес и желба некаде на 6 години. Најпрво со настапи на патронати во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно каде учев основно образование.

Потоа продолжив во средното музичко училиште во Битола, во класата на професорите Офелија и Пеце Митревски. Тие се заслужни за успехот на многу млади музички таленти кои излегоа од нивната класа и школа Орфеј – Тоше Проевски, Игор Дурловски, Маријан Стојановски и други. Т

Тие го создадоа и фестивалот за млади музички таленти „Орфеј“ на кој голем број млади таленти настапуваа, со стари хитови и ново создадени македонски песни.

Со М2 звездите мојот живот се промени преку ноќ. Од 6000 кандидати влегов во 12 финалисти и го го освоив првото место. Животот ми се смени преку нок.

Првите настапи ми беа со песните “Спаси ме“ и “Каде песно моја“ на Славе Димтров. Така тргна се. Се преселив во Скопје заради обврските и животот ми се смени целосно.

Последен јавен настап ми беше на Скопскиот фестивал со песната „Ќе те чекам јас“ со која и победив, потоа заминав за Америка. Најпрво само за да средиме документи, да видам каков е животот таму, но некако се случи да останам подолг период и тоа 7 години.

Ново искуство, нови пријатели, нов начин на живот. На почетокот имав 2,3 настапи меѓу нашите иселеници кои живеат во Детроит каде живеев. Потоа се занимавав со работа која нема врска со музика.

Тука го запознав животот на нормалниот свет, настрана од естрадата во кој живеев од својата 15 година. Емотивен и носталгичен по природа, ќе кажам дека во туѓа земја можеш да постигнеш и да имаш се во смисла на материјално, но во душата се чувствуваш празен.

Инаку, како и повеќето луѓе од преспанскиот крај, Ламбе и неговото семејство се занимаав со одгледување , берба и продажба на јаболка.

Ламбе на Инста стори ставил слика од манифестацијата Преспански јаболкобер каде што настапил, на градскиот плошрад во Ресен.

Во истото интервју, за bitolanews.mk, Ламбе всушност зборувал за тоа дека ужуива во одгледувањето јаболка и кажал дека си има своја градина.

– Би сакам да живеам во Битола, а само за обврските околу снимања да патувам во Скопје. Овие месеци ми беа исполнети, повторно со настапи во живо, гостувања во емисии.

Овие денови се занимавам со мојата градина и одгледување на зеленчук. Тоа ме прави среќен, растен сум во Љубојно опкружен со овошја, јаболка и сите други култури кои се одгледуваат во тој крај, кој ми е во душата.

Многу ме опушта и готвењето. Имаам мерак и сакам да влезам во кујна и да зготвам некое јадење со љубов“, кажал Ламбе.

Previous articleНашиот познат пејач стана кувар, секој денар плус е добредојден во денешно време (ФОТО)
Next articleСпенџарска во неверување за поскапувањето, седна да јаде и кажа колку потрошила- што е многу, многу е ! (ФОТО)