Home Live Кајмакоски се отвори за српските медиуми: Сакав да ми успее бракот, ама…

Кајмакоски се отвори за српските медиуми: Сакав да ми успее бракот, ама…

Даниел Кајмакоски е познат по победата на првата сезона од светското шоу X Factor Adria.

Тој беше претставник на Македонија во Виена, Австрија за европскиот натпревар на песни Евровизија во 2015 година со песната Лисја Есенски по победата на Скопскиот Фестивал 2014.

-Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас?

Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.

Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.

Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен. Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење.

Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев! На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.

Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си.

-По многу неуспеси во музиката почувствував потреба да се занимавам со нешто комплетно различно од музиката, па така и избрав нешто многу поразлично, како што е градежништвото. Имав потреба од физичка работа која не е поврзана со уметноста затоа што чувствував дека стагнирам.

Имав потреба да го ослободам мојот дух и душа од внатрешен притисок и тоа многу добро ми успеа. Секојдневно бев опкружен со луѓе кои трудољубиво и дисциплинирано ја работеа својата работа и тоа и мене ме мотивираше да учам.

Заборавив на сè што ме мачело сите претходни години и го најдов својот мир и својата спокојност токму во таа професија.

После тоа, на сосема поинаков начин можев да ѝ се посветам не само на музиката, туку и на животот и начинот на кој го гледам животот и на кој се гледам себеси.

Искуството во градежништвото дефинитивно ми беше многу драгоцено и придонесе за успехот што следуваше понатаму“, изјави Кајмакоски за биди зелен.

Беше во брак со Кристина Димитру, која во еден период проговори за периодот за време и по разводот со Даниел:

„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“– во својата прва изјава по разводот од поп пејачот Даниел Кајмакоски, тврди моделот Кристина Димитриевска во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ”.

Кајмакоски често објавуваше фотографии од семејната идила, па зато веста дека ставиле крај на бракот, ја изненади јавноста.

-Сфатив дека никој нема да дојде дома и да ми каже, ајде стани, туку мораш самиот да имаш јака психа и да продолжиш понатаму.

Беше тоа долг период на затвореност, не сакав да комуницирам со никого, поминав депресивен период, но важно е каде сме сега.

После разводот вежбањето е тоа што ме врати назад, што ми ја врати целата енергија, раскажа тогаш Димитриевска за „Бекстејџ”.

Деновиве Кајмакоски се отвори за српските медиуми и проговори околу бракот со Кристина:

Живеам во Белград од 2019 година, секако, и порано живеев, но исто така бев еден период во Македонија.

Таму се оженив, добив дете и се разведов. Се’ на брзина, односно на модерен начин“, рече пејачот.

Затоа се повлеков од медиумите за да можам да имам време за семејството. Со надеж дека можеби ќе почне да функционира, но не беше така.

Меѓутоа, мене многу ми беше важно да се погледнам себеси во огледало и да си кажам ‘Океј, дадов се’ од себе’, откри Кајмаковски во споменатата емисија.

Previous articleЛатас до Данела: Не можеш на партија која те довела на власт на тој начин да и се обраќаш
Next articleВаско Жабата ја напуштил групата зашто жена му го натeрала, хрватски музичар ја раскажа целата вистина