Home Live Каролина емотивно се пpисети на Тоше и раскажа зошто не оди кај...

Каролина емотивно се пpисети на Тоше и раскажа зошто не оди кај неговите pодители во Крушево

Нејзиниот интерес за музика започна уште од рана возраст, но токму нејзиното учество на најпопуларниот македонски фестивал, МАКФЕСT, навистина ја направи популарна на 11-годишна возраст, а воедно и го означи почетокот на нејзината музичка кариера.

Секако, станува збор за Каролина Гочева. Ова за нашата позната пејачка го напиша српскиот портал СД во една прилика.

Иако постигна забележителен успех во Македонија, песните како што се „Više se ne vraćaš, „Srešćemo se opet“, „Kad voliš“, станаа големи хитови и во Србија.

Каролина и Тоше Проески беа одлични пријатели и своевремено важеа за омилен пар на музичката сцена. Често настапуваа заедно, а имаа и дуети како „Помози ми“ и „Немир“.

За неа времето како да застанало со оглед на тоа дека воопшто не се променила.

Инаку, по повеќе од 15 години, Каролина Гочева сама ја пеела песната „Немир“, во 2018 година, на концерот посветен на Тоше, кој се одржал во Скопје.

Ова е хит-дуетот кој пред повеќе од 20 години го сними со Тоше Проески. Каролина тогаш дел од гостите кои настапија на концертот посветен на Тоше во Арената Борис Трајковски во Скопје. Таа тогаш за Женски магазин изјави:

„Оваа песна некако самата се наметна, беше логичен избор за мене. Многу ми е мило што ќе ја пеам „Немир“ по повеќе од 15 години. Токму вчера, додека ја пробував се сетив на еден куп спомени врзани за неа.

Ме потсети на сите наши заеднички патувања, дружења, снимања со Тоше. И затоа ми е драго што по толку време повторно ќе ја испеам, во една ваква, убава прилика“, изјавила Каролина Гочева.

Каролина сега пак ќе пее за Тоше, ама Крушево, неговиот роден град овој пат. „Со љубов за Тоше“ е насловен настанот што ќе се одржи на 5 октомври во 19:00 часот на платото пред Спомен-куќата посветена на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески во Крушево.

Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. На концертот ќе настапат:

Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски, и на Бендот на Тоше“, обавија повеќе медиуми.

– Често одам на гро бот на Тоше. До сега бев на сите негови спомен-обележја, но не отидов кај неговите родители за да не ги вознемирувам. Во Македонија и по загубата на Тоше се чувствува голема празнина.

Некако сè го изгуби својот шарм. Дури и тие избори и доделување награди веќе немаат никаква смисла.

Имало многу пејачи на кои Тоше им е пример, но никој не му се доближил.

На мојот следен концерт ќе му посветам песна – изјави еднаш Каролина.

Previous articleКарлеуша ја искара познатата актерка: Сега ќе ја изедам мојата чанта Луи Витон
Next articleЕве како познатиот музичар го добил името по најлошиот политичар на светот, а ја испеа најубавата песна за Македонија