Home News Советник до директорот на ЈСП: Данела ветуваше бесплатен превоз, како тоа сега...

Советник до директорот на ЈСП: Данела ветуваше бесплатен превоз, како тоа сега кратите линии поради нерентабилност

Градот Скопје, веројатно ги доживува најтешките моменти, по расколот во коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, која главната поддршка во победата за трката за градоначалник, ја доби токму од оваа партија.

Во изминатите десетина дена, многу директори од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, си поднесоа оставки од функциите директори на јавните претпријатија во градот. Арсовска назначи нови, на кои сега ќе им биде потребен период на адаптација.

Со тоа, се усложнува и така сложената ситуација предизвикана од енергетската криза, но и од разочарувањето од менаџерските способности на градоначалничката, за која сè повеќе аналитичари се согласни дека ккомплетно разочара.

Воопшто, или многу малку проекти кои во предизборието беа најавувани се реализирани, а јавноста во најголем дел гледа кавги и расправии, во кои една од главните улоги ја има токму Арсовска.

Денес, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска,  порача дека мора да се работи, по што посочи, да се асфалтираат улиците во Шуто Оризари и да се направи фекална канализација.

Советничката и кажа на градоначалничката дека не смее да се повтори времето на Шилегов, а поддршка за реализацијата на програмата ќе има од целата советничка група. На ова, Арсовска возврати дека ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна.

– ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи иницијативата. Град Скопје не треба да има заборавени населби. Тоа го пишуваше во програмата за модерно Скопје. Од тие причини Шуто Оризари не треба да биде заборавено.

Ние ќе бидеме тука да потсетуваем на одлуките кои не се реализирани. Една од работите е фекалната канализацијата, 6 милиони денари, за Шуто Оризари.

Септември сме, нема отпочнување на проектот. Ќе пропаѓаат средства, како во времето на Шилегов, кога се даваше само на хартија дека ќе се реализира одреден проект? Не смее да биде случај овој пат. Ставките во буџетот да се реализираат, мора да се работи – рече Андоновска.

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни. Додаде дека треба да престанат да саботираат, и само декларативно да се залагаат за модерно Скопје.

– Хипокризија на денешницава. Генералниот секретар до пред некое време, мислам две недели, беше човек кој што е ваш близок. Кога замина од тука се заблагодари на партијата и претседателот наместо на Градот и граѓаните.

Требаше да го прашате зошто не реализирал се ова што требало бидејќи тој беше еден од лицата, непосредно надлежен за овие реализации. Ве молам да се однесуваме како што треба. Не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини.

Не може нешто што до вчера сте поддржувале денеска да сакате да саботирате или да сакате да го поставувате во негативно светло.

Ако веќе декларативно, шпицниот градоначалник излегува и кажува дека ќе ја поддржите оваа програма, однесувајте се соодветно, поддржете ја.

А не со подметнувања, критики и на крај декларативно да кажете дека ќе ја поддржите. Фер и коректно од почеток до крај, не со манипулации – рече Арсовска, а пренесува Нова Македонија.

На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати.

А советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ му врати: „Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат, пренесува А1 он.

В.Д. директорот на ЈСП, посочи дека нема исплатливост, па тоа е причината поради што по кратко време се укинуваат линии, но и дестинациите на кои се обраќаат сега автобусите ќе бидат скратени.

„Во Шуто оризари гравитираат дневно 21 автобус, имаме по 3400 валидации. Дали е тоа доволно за да биде оваа линија рентабилна? Вие како советници го договаравте договорот со приватните превозници.

Фрапантни се анализите кои ги правиме, а тоа е дека во ниту еден приватен автобус нема фискален апарат. Со тоа е нанесена штета на ЈСП.

Советникот Малиша Станковиќ од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изборната програма на Данела Арсовска е најавено дека автобусите ќе бидат достапни за сите.

„Во програмата беше најавено бесплатен превоз во ЈСП и во втората точка беше дека ќе се направи достапност до сите места на ЈСП за граѓаните. Не знам зошто директорот бара да правиме анализа за рентабилност за линијата 19 и 2. Не знам зошто имаме одредена реакција.

Па нели ќе ја реализираме програмата? За неа сме гласале и сме се бореле, за неа сме се бореле, се надевам иницијативата ќе биде поддржана од сите“, кажа Станковиќ, а пренесува порталот А1 он.

Previous articleСара Мејс ги покажа свекорот и татко и: Еве на кого ќе ми биде лично детето (ФОТО)
Next articleКарлеуша ја искара познатата актерка: Сега ќе ја изедам мојата чанта Луи Витон