Home Live Татјана Стојановска ептен се дотера, го истакна деколтето, и се дружеше со...

Татјана Стојановска ептен се дотера, го истакна деколтето, и се дружеше со оваа наша министерка (ФОТО)

Татјана Стојановска е една од нашите најуспешни водителки и презентерки, лице кое секојдневно „влегува“ во секој дом, глас што се препознава од прва“, објави во една прилика Слободен печат за оваа наша позната презенретка.

Дали сте свесни дека сте своевиден бренд и како успеавте во сите овие години да не го поматите со ниту еден скандал или непрофесионален гест?“, ја прашале Татјана на почетокот од разговорот за Слободен печат.

-Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен.

Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста.

Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд. Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно. Гледачот е барометарот, тој го проценува сето тоа и го препознава.

Во мојата професија е многу важно да ја добиеш довербата на гледачот, да те почитува, да ти верува и да си подготвен да го одржиш сето тоа низ годините во континуитет и со ист интензитет“, рекла таа и додала:

– Нашата професија е специфична по многу нешта. Прво, на пребирливиот гледач треба да му се допаднете и да ве прифати со ликот, со изразот, а потоа и со изговорот, со правилната дикција и интонација.

Ние се обраќаме на различна публика, по возраст, по ниво на образование, важно е да те разбере секој.

Тоа се оние работи на кои им укажувам на помладите. Поборник сум за почитување на правоговорот, користењето на стандардниот литературен македонски јазик. Укажувам на грешки кои ги прават во таа насока.

Оние што почнуваат во професијата им треба таков совет и со задоволство го прифаќаат кога ќе им биде даден. Телевизијата е специфичен медиум, се гледа сè. И ликот, и гестикулацијата и гласот се важни.

Со тоа ние допираме до гледачот. Потребна е умереност во сите тие работи. Потребен е баланс на изразот на лицето, држењето на телото, висината на гласот, брзината на изговарањето, интонацијата на речениците и самодоверба и сигурност при интерпретирањето.

При тоа и изгледот е многу важен. Ненападна шминка, фризура, облека. Почитување на кодексот на облекување, допадлив, но и умерен изглед, со кој му даваме и почит на гледачот“, рекла Татјана. На овој начин, таа го искоментирала својот приватен живот.

– Секогаш сум била личност која приватниот живот сум сакала да остане приватен, но секако како јавна личност донекаде тоа и не е можно.

Ја сфаќам потребата на новинарите да се интересираат за приватниот живот на јавните личности и сум го почитувала тоа кај нив и сум дозволувала да напишат нешто и за тоа.

Важно е човек да си го чува интегритетот, да ги заштити и своите блиски. Ако јас имам јавна професија, немаат моите блиски луѓе потреба да бидат јавно експонирани. Гледам колку можам да ги заштитам.

Секако не кријам ништо, затоа што немам што да кријам. Сè што ми се случува во животот се нормални работи што им се случуваат на сите луѓе. Дали ќе стапам во брак?

Јас живеам во неформален брак, што според мене и мојот партнер е речиси исто како и формален брак. Дали тоа ќе премине во формален брак сега за сега не знам, ако почувствуваме дека тоа е потребно и ќе се случи“.

Инаку, познатиот македонски актер Благоја Чоревски е лауреат на годинешниот 25. по ред меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“. Тој е добитник на наградата Васил Иљоски.

Од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, каде што “Денови на комедија“ традиционално се одржуваат секоја година, велат дека ова признание уште претходно најавија дека ова признание ќе му биде врачено на Чоревски на самото отворање на фестивалот.

Татјана била водителка на Свечеото отварање на Деновите на комедија во Куманово. НУЦК Трајко Прокопиев Куманово на својот Фејсбук профил објави слики од овој настан на кој се обратила министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Нашата презентерка облекла убав син фустан со со кој со деколте, кој одлично ѝ стои, а министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска пак облекла шарен фустан и високи штикли.

Previous articleВаско Жабата ја напуштил групата зашто жена му го натeрала, хрватски музичар ја раскажа целата вистина
Next articleЈована од Сител како филмска дива, празник за очи, срце и душа (ФОТО)