Home Live Васко Жабата ја напуштил групата зашто жена му го натeрала, хрватски музичар...

Васко Жабата ја напуштил групата зашто жена му го натeрала, хрватски музичар ја раскажа целата вистина

Еден од најпопуларните бендови во регионот, загрепската панк-фолк група „Бркови“ на 7 октомври ќе одржи концерт во Хангарот на белградското пристаниште.

Фронтменот на бендот е Шемсо 69, а за Ало зборуваше за претстојниот настап и откри непознати детали од соработката со оркестарот Камчија.

Фронтменот на бендот „Бркови“ потоа се осврна на својата музичка кариера и призна дека не се гледа себеси како талентиран пејач.

– „Бркови“ се група пријатели кои својата музика ја објавуваат на интернет, немаме продуцент, се` правиме сами. Нашата музика е жестока, балканска, поврзана со откопчани влакнести гради и камионџии со мустаќи.

Свириме панк и фолк. Не се сметам за дел од естрадата и најмногу ме нервираат јавните личности кои навредуваат други луѓе по националност и други преференции – изјави музичарот, додавајќи:

– Се сметам за просечен, ако не и лош пејач, но користам трикови и публиката е задоволна. Кога нашиот албум беше прогласен за најлош во Хрватска, тоа беше одлична реклама за нас.

Ми се допаѓаат коментарите, без разлика какви се тие – заклучи тој. Шемсо истакна дека би сакал да го вкрсти гласот со Сека Алексиќ.

– Имам подготвена дуетска песна и планирам да и ја понудам на Сека Алексиќ – рече тој. Пејачот се осврна и на неговото познанство со хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ.

– Северина ја познавам преку пријателка, имав можност да ја запознаам. Не ја познавам доволно, но таа го покажа најдоброто од себе – изјавил за Ало пејачот.

Имено, Шемсо изјави дека и покрај однапред склучениот договор, членовите на популарниот бугарски бенд нема да се појават на концертот во Белград и да ги пеат познатите стихови „Васко Жабата“ бидејќи пејачот го напуштил бендот под притисок на неговата сопруга.

– На нашиот концерт во Белград требаше да настапат познатиот оркестар Камчија и пејачот познат како Васко Жабата.

Се беше договорено преку еден мој пријател од Бугарија, но како што дознав, под притисок на популарноста, пејачот го напушти бендо.

Од редакцијата на Ало велат дека биле дпста изненадени од оваа изјава на Шемсо, кој открил што го предизвикало распадот на бендот.

– Песната „Комбајна Вршачка“ е снимена одамна и беше наменета за нивниот крај. Тие се од руралните средини, како бенд настапувале најмногу на свадби и приватни забави.

Потоа, дваесет години подоцна, некој зеде дел од песната и ја објави на социјалните мрежи, каде што брзо стана вирална. Се заинтересиравме, контактиравме со членовите на бендот и добивме зелено светло за соработка.

Сепак, колку што знам, пејачот го напушти бендот поради советите и притисоците на неговата сопруга. Не го осудувам затоа што верувам дека жените се попаметен пол и убеден сум дека сопругата на пејачот имала оправдани причини.

Сепак, многу ми е жал што бендот нема да се појави на концертот.

Тоа би им одговарало поради медиумската популарност – изјави за Ало Шемсо.

Previous articleКајмакоски се отвори за српските медиуми: Сакав да ми успее бракот, ама…
Next articleТатјана Стојановска ептен се дотера, го истакна деколтето, и се дружеше со оваа наша министерка (ФОТО)