Home Live По големата загуба, се исправи на нозе и раскажа своја приказна- еве...

По големата загуба, се исправи на нозе и раскажа своја приказна- еве зошто оваа наша пејачка е посебна

-Ние создаваме популарна и современа македонска музика. Се повикуваме на музичката естетика од разни светски стилови, но во основа нашата музика лежи на сопствениот македонски бит“, рече во едно интервју нашата позната пејачка Вера Милошевска- Јосифовска од групата „Љубојна“.

Обработуваме и песни кои веќе постојат, со тоа и ја истражуваме музиката, ја оживуваме истата и ја нудиме на публиката како нешто што е восклик преку ноти на убавото, спој на старото и новото.

Преку тој спој и даваме нов пат на убавата македонска музика, а ние со тоа ги спојуваме младите и старите.

Го оживуваме светското во македонската музика, бидејќи нашата цел не е само да ја обработиме музиката, туку преку нашата идеја сакаме да и го дадеме духот на современото, на новото време.

И како таква да и го пренесеме да публиката“, рече Вера во разговорот за kamenica.mk, а потоа додаде: Лично јас, знам многу музика, слушам и сакам секаква музика.

Ние и имаме обработено музика од овој крај, познатите Истибанки, што не значи дека и во иднина нема да направиме некој проект во кој ќе имаме музика и од овој многу живописен крај на Македонија. Вера во интрервју за аberdzija.com зборуваше за нивните песни кои со егејсли мелос.

– Да бидам искрена, кога за првпат ми се откриваше македонската музика јас не ги познавав етничките региони, етнографските целини за да можам да откријам која музика е егејска, а која не е.

Сето она што доаѓаше до мене, се она што ме освојуваше си се вклопи како делче во тој огромен мозаик, кој јас сега во душава го носам и како сознание го знам за нашата музика.

Ме фасцинира звукот на егејските брас бендови, кои биле многу актуелни во минатото, кон крајот на 19-от и почетокот на 20- от век по рецепт на западните дувачки оркестри.

Мене ме фасцинира тој њуорлеански звук, кој тука има едно медитеранско призвучје, многу отворено, многу потсетува на морето, во исто време многу континентално и во себе го носи мелосот кој ние го препознаваме и во новосоздадената музика.

Егејската музика во себе носи многу интересен универзален код. Ако ги слушате песните Мори чупи костурчанки или Твоите очи Лено, тие носат универзално чувство на лиричност или ако сакате, универзална химничност. Таква едноставност носи самата мелодија.

Тоа го има многу во нијансите на македонската музика. Конечно дојде време да направиме еден таков оркестар како од времето, да речеме оркестарот Македонија, како од старите плочи кога сме ги слушале па сме велеле: тууу, како ова да го вклопиме, да звучи така.

Да имаш чувство дека улицата пее, како да ги гледаш поворките во Њу Орлеанс. И кај нас во некои од градовите постоеле такви оркестри и тој феномен мене лично многу ме радува.

Секогаш свирам со различи оркестри и тоа ми буди различни чувства, бидејќи Љубојна има различни проекти. Пред се, има авторска музика, има и рок бенд, има музика со кадифен звук како што е чалгијата на Мацедониа фреш.

Дури има и концептуален пристап. Парите се отепувачка е еден посугестивен албум кој исто талка е богат со музика и Брас Фантази, каде звукот е отворен, експлицитен на сцена, од прва продира затоа што е силен. Сам по себе дувачкиот оркестар освојува.

Потоа, раскажа за дружењето со легендата Вања Лазарова: Одењето кај тетка Вања и дружењето со неа значеше и дружење со Душко Димитровски. Нашите тетка Вања и чичко Душко, тоа беше спојката.

Едното беше практично, другото беше идејно. Едното беше спиритус мовенс , а другото беше реализација на целото тоа. Од тетка Вања сфатив дека пеењето е состојба на душата, не може да биде поинаку. Музиката ја отсликува состојбата на сопствената душа.

Доколку не е така, доколку нема таква потреба јас се прашувам дали може да зборуваме за пеење во вистинската смисла на зборот.

Денес пеење стана секое отворање на устата, што од немањето или неизградените музички стандарди или од демократските услови на пост пост постмодерната кои дозволија да се користи секаква форма на уметноста.“

На крајот на јули, Вера објави многу тажна вест, а тоа е упококувањето на татко ѝ, со кој се збогува на Фејсбук на многу емотивен начин.

– Татичко мој бе, татко, Страле мој… Вака ли се заминува!? Срцето ми го скрши, ми се слизна низ прсти. Викаше ми се оди негде да излумпуваме, да се изнапееме… Требаше ОДМА, во првата кафана ќеиф да си напрајме!!!

Татко мој единствен и специјален, будалче едно… Сите денес спомнете го татко ми. испијте по една од мене, пуштете ја “Кирајџиче, јабанџиче…” благо да му е на душата.

За сите што го познававте, утре ќе го испратиме во капела од 11-12ч., а од 12ч. ќе биде зак опот… мојот убав мил татичко“, напиша Вера во јули.

По оваа загбуба, поради која беше скршена од болка, Вера собра сила и повторно ја покажа својата волја и позитивен дух по кој е позната.

Таа обајави слика по повод нејзиниот именден, празникот Вера, Надеж, љубов и воедно раскажа приказна за себеси.

– Отците велат именденот бил поважен и од роденденот, оти на тој ден си најповрзан со светецот чие име го носиш. А јас сум Вера Љубојна, ги носам и Pisti и Agapi во себе…Да е на помош и за навек празникот“, напиша Вера.

Токму поради овој нејзин позитивен став и секако глас кој го истакнува во песните, луѓето ја сакаат и ја почитуваат Вера.

Previous articleПрија му кажа НЕ на Филип, еве за што пејачката го одби својот маж
Next articleЕве каде ги наоѓал утехата и мирот Ванчо Петрушевски на крајот од животот, оваа приказна ќе ве расплаче