Home Live Братот и сестрата никогаш не се сликале со фотоапарат, приказната за ова...

Братот и сестрата никогаш не се сликале со фотоапарат, приказната за ова семејство ги потресе многумина

Семејството Илиќ од Јагњил, таткото Љубиша, мајката Наташа, синот Марко (14), кој боледува од церебрална парализа и епилепсија и ќерката Милица (13), чија судбина длабоко ја растажи цела Србија, конечно доживеаја подобри денови благодарение на помошта што ја добија од добрите луѓе.

Во куќа без бања, во еднокреветна соба овие четири членови се борат за опстанок од социјална помош.

Работата да биде уште полоша, малиот Марко боледува од церебрална парализа и епилепсија.

-Тој е како билка, не знае ни да зборува – велат неговите родители, објави на Фејсбук српската каратистка и хуманитарка Тамара Мисирлиќ.

Работата да биде уште потешка, Марко нема соодветни услови, нема свој кревет, а ја нема ни потребната количка, а бидејќи не може да одржи рамнотежа, седи на земја за да избегне паѓање и за да не се повреди.

Неволјите ги трпи и ќерката на Љубиша, Милица. Болниот татко се пожалил дека училиштето на ќерка му е на 30 километри, во Владичин Хан и често нема како да стигне до таму.

Хуманитарката Тамара на неколку наврати ги објави условите во кои живеело ова семејство и ги замоли луѓето кои можат да помогнат, да донираат пари или некои материјални работи за да се уреди домот на ова семејство.

Ова семејство живеело во страшни услови, во мала куќа без бања, во еднокреветна соба, а социјалната помош што ја добивале не била доволна да ги покрие ниту најосновните потреби, па семејството долги години се бо рело за опстанок.

Благодарение на добрите луѓе и хуманитарната организација на Тамара Мисирлиќ, Милица во својата нова соба го прослави својот 13-ти роденден.

Наместо тажен поглед, ова мало девојче конечно имаше причина за насмевка, повредна од сето злато на овој свет.

Роденденот го прославила во комплетно уредена соба, свежо бојадисана, со нов мебел, а до вчера само фантазираше за тоа. Таму беа нејзините пријатели, но имаше и торта, свеќи, огномет, радост…

– Денеска и’ е роденден на Милица и денеска мајсторите успеаја да и’ ја доработат, уредат и реновираат нејзината соба, па роденденската желба и’ се исполни – изјави Тамара за Телеграф.

Како што вели, се’ уште се собираат пари за семејството Илиќ, за семејството да живее во подобри услови.

– Се’ уште се собираат пари, а работите се во тек. Тие се многу среќни бидејќи им се овозможи помош, бидејќи живееле во катастрофални услови.

Денеска ги посетив да го прославам роденденот на Милица. Друга организација им собира пари – вели Тамара.

Previous articleОва е тешкиот живот на познатата пејачка: Малкумина знаат од каде потекнува и како се стекнала со славата
Next articleНагласено деколте и црвен кармин- Елена Ристеска ги израдува фановите (ФОТО)