Home Live Нагласено деколте и црвен кармин- Елена Ристеска ги израдува фановите (ФОТО)

Нагласено деколте и црвен кармин- Елена Ристеска ги израдува фановите (ФОТО)

Нашата музичка ѕвзеда Елена ристеска, иако изминатиов период е во некакво музичко затишје, таа е повеќе од активна на многу други креативни полиња но и мошне успешна во сето тоа“, објави во една прилика Слободен печат.

А како потврда дека е посебно успешна и во нејзината дваесетгодишна кариера мошне јасно говорат интернационалните награди кои згуснато се редат изминатиов период.

Ажурна и внимателна во градењето на кариерата но скоро брутално искрена таа била во интервјуто за овој медиум.

После 20 години кариера природно е да се жнее она што било посеано и вродило со плод, да се собираат награди и признанија за претставување на македонската музика во светот.

Впрочем од самите почетоци ја претставував мојата земја на фестивали како “Сунчане Скале” во Црна Гора, “Голден стаг” во Романија, па потоа како претставник на “Евросонг” во Грција,

“Радиски фестивал” во Белград, Србија каде бев прогласена за најдобар изведувач и победник според Радио ОСМ Пале-Република Српска, “Балтик Сонг фестивал” во Шведска итн.

Со тоа стекнав почит и фанови насекаде низ светот, особено после Евровизија.

Дуетите кои ги испеав со Хари Мата Хари, група Регина, Данијела Кариќ и други , исто така придонесоа за афирмација на мојата музика на Балканот , но и на мојата Македонија, нарекувајќи ме “македонка” во сите натписи.

Имам јубилеј од 20 години кариера, и се’ уште го веам македонското знаме насекаде во светот без финансиска поддршка од државата, секогаш од приватни буџети или платено од организаторите и на тој начин ја претставувам оваа наша земја.

Бев прогласена за “Најдобра пејачка од Македонија” во Софија, Бугарија, за “Најдобра пејачка од Македонија” во Хамбург, Германија, за “Дама на годината” во Врњачка бања, Србија.

Потоа “Личност на годината” помеѓу 7 најуспешни жени од регионот, во Сокобања, Србија, па “Претставник на македонската култура во светот” во Истанбул, Турција.

Потоа, бев одбрана како дел од главната комисија за избор на пејачи и песни на фестивалот “Наше море, наше скале” се одржа во јуни 2022година во Херцег Нови, Црна Гора, заедно со Џорџе Давид и Данијел Алибабиќ.

Последниве неколку години иако бев посветена на брендот за козметика, имав мал милион понуди за песни и соработки, и работев на нивна реализација, меѓутоа како проаѓа времето и годините станувам премногу пребирлива , токму заради таа одговорност што ја имам кон фановите.

Но, многу ми е важно да отпеам нешто што мене ќе ми ја отвори душата и ќе ми ја извади емоцијата, што мене пред се’ ќе ми се допадне, само на тој начин публиката ќе ја доживее пораката“, изјави Елена.

Елена, по повод проширувањето на нејзината козметичка линија реши да ги израдува своите следбеници, и на Фејс и Инста објави пост во кој раскажа со какви подароци ќе ги дарува на своите следбеници.

Извлекувањето ќе биде на 11ти Октомври , празнично ќе се вклучиме на LIVE видео сите (вторник)! *Доколку добитникот не ги исполнува горенаведените чекори, ќе се извлекува повторно се додека не се извлече регуларен добитник! Со среќааа…“, објави Елена Ристеска на нејзините профили на социјалните мрежи..

На една од сликите кои ги шерна, таа е во бикини, а она што е нагласено е нејзиното добро лпоз познато богато деколте, но на неа се забележува и црвениот кармин. Елена доби само комплименти за оваа слика, и со право.

Previous articleБратот и сестрата никогаш не се сликале со фотоапарат, приказната за ова семејство ги потресе многумина
Next articleДиџеј Мац пак распали по Панчо: Во позадина сите знаеме што правиш, не даваш на други да пуштаат музика