Home Live Елена „Живот со стил“ го сликна погледот од прозор и ги остави...

Елена „Живот со стил“ го сликна погледот од прозор и ги остави сите без зборови (ФОТО)

Елена Стефановска летово застана на ,,лудиот” камен и го кажа судбоносното ,,да” на нејзиниот долгодишен вереник Бојан.

Најпрво Елена, минатиот викенд прослави моминска вечер заедно со своите другарки и тоа го направи на многу магично место, на плажа, во бикини и коктели.

Потоа, Елена на својот профил објави одбројување до денот на свадбата, а нејзините обожаватели едвај чекаа да видат како ќе изгледа водителката.

Елена Стефановска на своето стори сподели мали моменти од својата свадба. Таа всушност објави неколку видеа од првиот танц, а потоа на сите им се заблагодари за честитките и изјави дека официјалните фотографии ќе бидат објавени наскоро.

,,Драги мои, Ви благодарам на сите честитки што ми ги пративте. Ги имаше навистина многу.

п.с Ја имав најубавата свадба, официјални фотки наскоро!,” напиша Елена.

На свадбата на познатата водителка и пееше познатиот српски пејач, Никола Роквиќ, кој на водителката и ја испеа песната ,,Мед и слатко грозје”, a Елена со дигнати раце пееше со него.

,,Фала ти за љубовта”, му напиша Елена на пејачот кој го објави на нејзиното стори.

Елена изгледаше совршено во нејзината венчаница која се влечеше отпозади и даваше изглед на вистинска принцеза. Потоа кога дојде време за журката, водителката се раскомоти и облече кратко бело фустанче со пердуви.

Всушност, речиси сите невести сега одбираат да носат две венчаници, една подолга и една пократка која нема да им тежи за време на забавувањето.

Повеќе за нејзините почетоци, за кариерата и животот таа рскажа во интервју за hybrid.mk.

Сметам дека пред се треба да се биде практичен во остварување и достигнување на зацртаните цели. Не сум научена да седам и да чекам, сè да ми биде сервирано на маса.

Иако има многу суета во светот на бизнисот, секогаш се трудам да се приземјам и суетата да ја оставам на страна, додека работам и создавам.

Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти. Сето тоа од другата страна на камерата, од страната на гледачите изгледа убаво, лесно и едноставно, но од оваа, нашава страна е поинаку.

Треба постојано да бидеш „ин“, да ги следиш сите збиднувања и актуелности, треба да се тркаш со конкуренцијата и да најдеш свои фанови и љубители на она што со голема љубов и желба го создаваш. „Аплаузот“ на тв публиката е нашата најголема сатисфакција.

Првите две основни работи, без разлика дали си спортски новинар или новинар што следи здравство: Бидете љубопитни, но во исто време нека живее и сомнежот во вас! Никогаш не се задоволувај со малку информации, истражувај, затоа што секоја наредна проверка на информации, ќе ти отвори еден нов пат!

Едноставно, да имаш шанса, да ја сакаш работата, и да работиш професионално. Никогаш да не се откажуваш ако вистински сакаш да го работиш тоа. Ако човекот не си зададе висока цел во животот, никогаш нема да го достигне врвот.

А инспирација и љубов за оваа работа имам постојано…. Гледам низ розови очила, хахаха…всушност, се што го гледам околу себе, се што ме опкружува, ме инспирира и ме полни со љубов, а задоволните гледачи ме охрабруваат да продолжам и понатаму.

Фото: Инстаграм Принтскрин
Водителката Елена Стефановска е секогаш дотерана и негувана, таа е секако дама што се грижи за својот надворешен изглед, но и внатрешен, а во една прилика и зборуваше на таа тема:

– Секој ден ја чистам кожата на лицето. Кога ќе станам наутро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Веднаш потоа го нанесувам серумот за лице со кремата за околу очи.

На крај, дневна хидратантна крема која убаво ја нанесувам и на вратот. Сакам природен изглед со лесна шминка, не сакам многу бои на моето лице кога немам снимања. Никако и никогаш не легнувам со шминка.

Сигурна сум дека тоа е тајната на добриот младешки изглед, чиста и негувана кожа, макар и во домашни услови.

Елена откога стапна во брачните води, максимално му ги посветува на својот сопруг Бојан, а за тоа сведочат нејзините објави на Инстаграм.

Елена утрово објави фотографија од нејзиниот омилен појадок, а на чинијата може да се види две потпечени лепчиња, авокадо, сланина, јајце и зеленчук.

Потоа објави дека е в Маврово и го снимаше погледот од нејзиниот прозор кој остава без зборови.

„Посакувам секој од вас да си го најде својот мир, како што јас си го наоѓам овде во Маврово.“

Previous articleМоника Зајкова објасни зошто е предложен Pиcто Пенов за министер: Планот е да ги сплотиме членовите на ЛДП
Next articleЕве како нашата водителка Вера му „влезе“ на октомври, полна со енергија и добри вибрации (ФОТО)