Home News Моника Зајкова објасни зошто е предложен Pиcто Пенов за министер: Планот е...

Моника Зајкова објасни зошто е предложен Pиcто Пенов за министер: Планот е да ги сплотиме членовите на ЛДП

Минатата недела, во јавноста силно одекна веста дека поранешниот градоначалник на Скопје и поранешен лидер на ЛДП, Ристо Пенов, ќе биде новиот министер за локална самоуправа, по оставката на Горан Милевски.

Ристо Пенов, во последните десетина години, беше потполно повлечен од политиката, но и од медиумите и јавниот живот воопшто.

Прво политичко интервју, Пенов даде неодамна, во емисијата „Во центар“, кај новинарот Васко Ефтов, каде се постети на политичките настани и личности од девесеттите години на минатиот век, па до времето кога тој беше активен.

Најавите во политичките кулоари, се обистинија викендов, кога ЛДП и официјално го предложи Пенов за министер.

Централниот одбор на ЛДП на синоќешната седница го прифати предлогот на Извршниот одбор за започнување со подготовки за одржување на редовното Собрание на партијата, ја разгледа оставката на партискиот лидер Горан Милевскина на местото министер за локална самоуправа и го прифати предлогот Ристо Пенов да биде негов наследник на оваа позиција во Владата.

Централниот одбор се заблагодари на досегашниот ангажман на Милевски, на успешното менаџирање со Министерството и на придонесот за регионалниот развој на државата, велат од ЛДП.

Како што посочуваат од партијата согласно Статутот на ЛДП, формиран е организациски одбор во чиј состав се избрани Боби Мојсоски, Димитар Ванчов, Билјана Аврамоска – Ѓореска, Дејанчо Цветановски, Валентин Груевски и Ивица Тодоровски.

До Конгресот ќе се одржат уште две седници на Централниот одбор со цел подготовка на Конгресот. На следниот состанок, кој се очекува да се одржи следната недела, ќе бидат разгледани и предлог датуми за одржување на Конгресот, додаваат од ЛДП.

Денес, потпретседателката на ЛДП, а според многумина, иден лидер на партијата, Моника Зајкова, за ТВ 21 го објасни ваквиот потег на раководството на ЛДП.

Пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова на ТВ21 посочи од каде предлогот за Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа, со оглед на тоа што долги години не е активен во политиката.

Таа вели дека Пенов никогаш не се оддалечил од ЛДП и дека секогаш бил со нив.

„Сметавме дека како човек кој што има навистина успешни проекти додека го водеше градот, дека може да го преземе кормилото на Министерството за локална самоуправа, но и тоа и дава една нова димензија на партијата во делот на тоа што ние го викаме обединување, да малку ги сплотиме луѓето на едно место и да настапиме со поинаков концепт“, вели Зајкова.

Видеото од изјавата на Зајкова, можете да ја видите ТУКА

Previous articleСо Михаил животот ѝ е полесен- еве зошто Татјана Стојановска целата блеска
Next articleЕлена „Живот со стил“ го сликна погледот од прозор и ги остави сите без зборови (ФОТО)