Home Live На Ване Маркоски му е срцето на место, објави кој е заслужен...

На Ване Маркоски му е срцето на место, објави кој е заслужен за тоа (ФОТО)

Нашиот познат водител Ване Маркоски неодамна oбјави кој му помогнал и му подал рака кога му било најтешко. Тоа е неговата колешка Вики Ристоска, која го работи проектот „Приказна“, во кој се разработуваат социјални теми:

„Колку е само денес реткост да најдеш пријател кој ќе ти подаде рака кога ти е потребно. Од нигде-никаде. Чест ми е што те познавам, сега и што соработуваме, што имам можност да учам како треба од голем човек и голем професионалец.

Да си ми жива и здрава Вики Ристоска. Среќен роденден ти посакувам и само убавини, затоа што заслужуваш многу!“, напиша тој во јуни месец.

Ване пред извесно време беше во Битола и од таму порача: Да живееш убаво? Биди на места кои сакаш, со луѓе кои ги сакаш. Толку.

Потоа, тој се присети и на едно негово патување во Италија, кога пиел утринско еспресо во Тревизо и напиша:

Едно од послатките еспреса што ги имам испиено во животот… и, не толку поради кафето, колку што амбиентов е створен за утринско кафе.

Ване често на својот Инстаграм профил, каде што е најактивен, споделува животни совети, познати мотивациски цитати итн Во една прилика тој објави фотографија во кола и напиша: Така е или не?

,,Може ќе звучи клише, ама добро е да се потсетиме на фактот дека почнуваш да живееш тогаш кога ќе престанеш да се замараш со токсичните и со оние кои пред да вперат прст кон тебе, не гледаат колку кал им се насобрал под неисечените нокти.”

За Ване велат дека скромностa и професионалноста е она што го отсликува. Ретко позитивен човек со неверојатна харизма која што не може да ја задржи за себе ниту за миг. Духовит и незаменлив, едноставно сите го сакаат, а има и зошто!

Ване Маркоски е момчето кое долги години го гледаме на телевизиските екрани. Неодамна, тој реши да сврти нов лист во неговиот живот, и по пет години поминати во Канал 5 ТВ, водителот одлучи дека е време за промена.

Моментално тој е дел од екипата која Ве буди 365 дена во годината – „Македонија наутро“.

Но, Ване сврте нов лист и кога приватниот живот е во прашање. На сосема искрен и за него препорзнатлив начин, само за Моментт.мк тој раскажува за одлуките кои му го промениле животот и за анксиозноста со која со борел долги години, а тоа е сега зад него.

Инаку, неговата пријателка, Милена Антовска Станковска, водителката која со години е заштитно лице на „Канал 5“ ужива во новата животна улога, како мајка на дев ќеркички, Лана Марија и Јоана.

Шармантната водителка вели дека ѝ недостасуваат уште неколку часа во денот за да стаса да направи сѐ што сака.

Сепак, време за лична нега таа секогаш наоѓа. Пред да започне да ги решава проблемите на граѓаните во емисијата, за Женски магазин ги откри во една прилика своите ритуали за убавина.

Линијата ја одржувам со тоа што внимавам што и кога јадам. Не јадам доцна навечер, јадам почесто ама во мали количини. Сега моментално не вежбам бидејќи сум преокупирана со новата емисија и семејството, но планирам во брзо време да почнам со физичка активност.

Инаку пијам многу вода и јадам многу овошје. Тоа е мојата формула за витка линија“, изјавила оваа наша убава водителка од Утринската програма на телевизија Канал 5.

Неодамна, тој објави и уште една новост. Со сликата која ја шерна, тој објави дека се сели, и тоа во едно од најелитните скопски места, а тоа е Сопиште и тоа најексклузивниот дел од ова во последните години, популарно место за живеење.

Ване инаку претходно живеел во Џевахир, високите згради во Скопје и од таму ставаше слики и сториња, а сега покажа слика со поглед на базен во неговата нова населба.

Во својата нова слика на Фејсбук Ване Маркоски рече дека срцето му е на место. А сликан е со водителките, токму Милена Антовска- Атанковска и Татјана Пуленџовска во еден скоппски ресторан. Нема подобра утеха и животна мотивација од семејството и од пријателите, а Ване тоа добро го знае и го покажува.

Previous articleДиџеј Мац пак распали по Панчо: Во позадина сите знаеме што правиш, не даваш на други да пуштаат музика
Next articleСо Михаил животот ѝ е полесен- еве зошто Татјана Стојановска целата блеска