Home Live Со Михаил животот ѝ е полесен- еве зошто Татјана Стојановска целата блеска

Со Михаил животот ѝ е полесен- еве зошто Татјана Стојановска целата блеска

Татјана Стојановска е една од нашите најуспешни водителки и презентерки, лице кое секојдневно „влегува“ во секој дом, глас што се препознава од прва, напиша во една прилика, Слободен печат. во истиот медиум Татјана доби прашање:

-Дали сте свесни дека сте своевиден бренд и како успеавте во сите овие години да не го поматите со ниту еден скан дал или непрофесионален гест?

Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен.

Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста. Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето.

Сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд. Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно. Гледачот е барометарот, тој го проценува сето тоа и го препознава.

Во мојата професија е многу важно да ја добиеш довербата на гледачот, да те почитува, да ти верува и да си подготвен да го одржиш сето тоа низ годините во континуитет и со ист интензитет“, рече Татјана и додаде:

Тајната е во тоа да си едноставен, приземјен, близок до гледачот, кој во однесувањето со луѓето е пријатен, човечен, еден од нив.

Доколку гледачот ја почувствува арогантноста, надменоста и недостапноста кај една јавна личност, таа личност сигурно нема да опстои долго на јавната сцена.

Ние работиме за гледачот да ја добие информацијата точно и навреме и од нашата интерпретација зависи како ќе ја прими. Затоа е важно како ќе биде пренесена, како ќе биде интонирана таа информација за да те разбере секој.

Кога ќе се приближиш до гледачот, кога тој те прифаќа како пријатен лик кој секојдневно му влегува во домот тогаш можеш да речеш дека си успеал.

Но, никако не смееш да го злоупотребиш тоа, да ја изгубиш довербата, затоа што за да траеш долго треба да останеш ист, тој каков што те прифатил и ти ја дал довербата гледачот“.

Сакам да патувам, затоа што сметам дека тоа е она што останува како вредност во животот. Имав можност да посетам неколку градови во Европа, но и бев во Канада, на Куба, на Малдиви и во Нов Зеланд.

Од сите тие патувања би ги издвоила како интересни градови Венеција, Барселона и Рим. Секако Малдиви се незаменливи и различни од секаде каде сум била.

А, Нов Зеланд е местото каде би живеела, затоа што таа земја е најблиска со мојата природа и вредностите на кои им давам значење во животот. Смирен живот, респект и почит кон природата и еколошка преосвестеност на луѓето.

Секогаш сум била личност која приватниот живот сум сакала да остане приватен, но секако како јавна личност донекаде тоа и не е можно“, изјави Татјана во истото интервју.

Ја сфаќам потребата на новинарите да се интересираат за приватниот живот на јавните личности и сум го почитувала тоа кај нив и сум дозволувала да напишат нешто и за тоа. Важно е човек да си го чува интегритетот, да ги заштити и своите блиски.

Ако јас имам јавна професија, немаат моите блиски луѓе потреба да бидат јавно експонирани. Гледам колку можам да ги заштитам. Секако не кријам ништо, затоа што немам што да кријам.

Сè што ми се случува во животот се нормални работи што им се случуваат на сите луѓе. Дали ќе стапам во брак? Јас живеам во неформален брак, што според мене и мојот партнер е речиси исто како и формален брак.

Дали тоа ќе премине во формален брак сега за сега не знам, ако почувствуваме дека тоа е потребно и ќе се случи“, рече Татјана за својот љубовен живот со бизнис консултантот Михаил Китановски.

Татјана ја сменила својата профилна слика на Фејбсук, и со неа дала поддршка на оние кои се борат со кан цер, затоа што октомври е месец на борба против ра кот на до јка, со препознатливата розова панделка која е заштитен знак на оваа иницијатива.

А таа на оваа слика изгледа прекрасно и целата свети. Во неколку наврати, има изјавено дека ужива во животот со Михаил (како и погоре во текстот) со кој е во неформален брак и долги години живеат заедно, а кога жената е среќна одвнатре, тоа се познава и однадвор.

Previous articleНа Ване Маркоски му е срцето на место, објави кој е заслужен за тоа (ФОТО)
Next articleМоника Зајкова објасни зошто е предложен Pиcто Пенов за министер: Планот е да ги сплотиме членовите на ЛДП