Home Live Еве зошто сите воздивнувале по Каролина, нашата музичка принцеза „згазила“ со изгледот...

Еве зошто сите воздивнувале по Каролина, нашата музичка принцеза „згазила“ со изгледот и мини фустанот на концертот на отворено во Скопје (ФОТО)

Со првиот настап уште на деветгодишна возраст, на приредба во Пионерскиот дом во Битола, беше лансирана една од најуспешните поп-приказни кај нас, која сѐ уште трае и се вика Каролина Гочева“, објави во една прилика Факултети.мк

-Првиот јавен настап мислам дека ми беше приредба организирана за 29 Ноември од страна на Пионерскиот дом и паметам дека ја пеев „Like a prayer“ од Мадона, која тогаш ми беше омилена песна, а со неа некој месец подоцна настапив и на тогаш многу познатата детска ТВ-емисија „Шарам барам“.

Имав 9 години. Тремаџија сум била отсекогаш и тоа до денес не е сменето, но сега веќе умеам некако да си ја контролирам и не дозволувам да ме обзема (освен понекогаш) – вели Каролина за Факултети.

– Се сеќавам дека во 80-тите години, сѐ уште во време на Југославија, постојано имаше турнеи на тогашните екс-ју поп-ѕвезди и паметам дека моите родители не пропуштаа можност да нѐ однесат кој и да настапуваше во Битола.

Исто така, помнам и дека секој „Макфест“ и Евровизија за мене беа посебно доживување и со посебно внимание ги проследував, а неретко и ги снимав на видеокасета за потоа да можам да си ги научам омилените песни.

Исто така, се купуваше секој нов албум на моите омилени изведувачи, па се сеќавам дека уште како 6-7-годишно девојче пекав по новите албуми на Мадона, Витни, Синди Лопер… и уште ги паметам повеќето песни од тоа време од почеток до крај.

Најраните сеќавања ми се поврзани со музиката. Имав и други интереси, но желбата за музика доминираше.

На 6 години бев дел и од Пионерскиот дом во Битола и дел од приредбите што се организираа за различни празници, а тогаш ме запишаа и во нижо музичко затоа што имав огромна желба да свирам на пијано.

Мислам дека никој од моите дома не ми влијаел, но секако ја охрабруваа мојата желба откако забележаа дека има основа за тоа.

Инаку, во моето семејство никој не се заинтересирал особено за музика, освен како љубител, а доминантна професија е медицината, со оглед на тоа дека и сестра ми (офталмолог) тргна по стапките на татко ми (анестезиолог), а мајка ми е технолог во пензија.

Единствено мајка ми тврди дека нејзиниот татко многу убаво пеел, па ете можеби од него сум наследила“, рече Карролиа за Факултети. Каролина важи за една од најдобор облечените жени на нашата естрада, а таа за Фешнел изјавила:

-Само да бидат свои, оригинални, да не копираат никого и да не носат копии од дизајнерски чанти, чевли и слично. Затоа што колку и да е убава девојката, тоа потполно го уништува впечатокот.

Следам мода колку што имам време, јас навистина не сум моден зависник. Секако, поради природата на мојата професија поседувам и дизајнерски парчиња, особено чевли.

Но, иако приватно не ги носам често, туку главно на сцена и за разни фотосесии, ми претставува задоволство да знам дека си ги имам по дома, а знаеме дека секое задоволство чини доста(се смее).“

Каролина сношти одржала концерт по повод 10-тиот роденден на „Скопје Сити мол“ на кровот на шопинг центарот, во весела и урбана атмосфера.

Во склад со настанот, облечена во розов мини фустан со гол грб, на високи потпетици, Каролина изгледаше фантастично“, пишува Женски магазин и додава дека таа во овој фустан изнудила воздишки.

Каролина и самата на својот Фејсбук профил, објавила многу сториња на кои се гледа тој убав фустан.

Во него, таа весело играла и пеела, а сведок дека направила добра журка е публиката што шерувала сториња и уживала во овој концерт.

Previous articleТатјана се качи на столче и го развеа знаемето – невидена забава на Македонците во Австралија (ВИДЕО)
Next articleПрвиот комшија го тужи Бреговиќ, а eве што на суд рекол познатиот композитор за спорната градба и каменот