Home Live И Игор Џамбазов оди во Америка по Илина, ќе си замине ли...

И Игор Џамбазов оди во Америка по Илина, ќе си замине ли нашиот познат актер од Македонија?

На самиот крај од 2019 година, планинарката, алпинистката и ликовна уметница, Илина Арсова, направи уште еден триумф, освојувајќи го врвот Винсон на Антарктикот“, објави Слободен печат во една прилика.

Со искачувањето на овој врв, Илина го комплетираше проектот „Седумте врвови“ и успеа да искачи седум највисоки врвови на седум различни континенти – Аконкагва, Денали, Килиманџаро, Пунџак Џаја, Монт Блан и Монт Еверест.

За последното искачување на Антарктикот, се приклучив на меѓународна експедиција.

Беше речиси невозможно, како логистички, така и финансиски, да се организира самостојна експедиција на овој континент.

Така што секој еден од нас индивидуално се подготвува за подвигот. Тоа е еден вид реално шоу кога ќе стават луѓе кои не се познаваат, да живеат заедно две недели во сурови и екстремни услови.

Добро е што сите беа О.К., супер се согласувавме и функциониравме како тим. Но, мојата приказна на искачување на 7-те врвови се разликува од онаа на повеќемина, бидејќи пола од врвовите ги искачував буквално сама, или со партнер во сосптвена режија, некојпат со скии и тоа без логистичка поддршка ниту водич.

Тоа е вистинската убавина и спортско достигнување за високогорските и алпиннистички спортови“, кажа Илина за Слободен печат.

Инаку, минатата година Илина Арсова го изненади актерот Игор Џамбазов со видео повик од Еквадор, во Утринската програма на „Телма“. Додека уредникот Горан Петрески разговараше со Џамбазов во студиото на Телма, на екранот зад нив директно се вклучи Илина Арсова.

Се наоѓам во Еквадор во Кито, на 3.300 метри надморска висина, во Јужна Америка, каде што дојдов за алпинистички тренинг и малку за таа моја висинска адреналиснска терапија што ми фалеше последниве година ипол, рече Илина која се искачи на Ариста Санта Барбара на 5.790 метри, еден од најтешките врвови за освојување во светот.

Таа изминативе два месеци е отсутна од дома, и во новото видео што го објави на Инста всушност сподели каде е сега и што прави. Илина се јави од Америка и рече:

-Добар ден, еве да споделам дека од неодамна сум студент на докторски студии на Универзитетот во Тенеси, и не само што сум студент туку сум и професорка.

Па, кој доаѓа навака, пријавете се, ќе одиме на кантри музика и на америкснакси фудбал“, кажа Илина во видео пораката и додаде:

-За сите оние кои прашуваа кои се моите следни аспирации и цели, епа, ова е тоа долго очекувано, сега му дојде и редот“, рече Илина а до ова видео таа напиша:

– За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.

Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот.

Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.

Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите“, рече Илина од Тенеси.

Таа доби голема поддршка од своите следбеници и пријатели, а Игор Џамбазовв не коментираше на оваа обава. Тој неодамна на Инстаграм кажа дека веќе два месеци „боледува“ од Илинопатија, тоест пати по Илина.

-Честитки и полно полно успеси… Браво. и Игор не го водиш со тебе ??? Се растопи човекот“, вели еден од коментарите за објавата на Илина, а таа му одговорила на пријателот: Ќе дојде кај и да е“.

За да се излечи од бо-леста Илинопатија, очекуваме од Џамбазов наскоро да објави на Инста дека и тој е во Америка.

Дали овој коментар на Илина значи дека и Џамбазов се сли во Америка привремено, останува да видиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Previous articleКовачевски: Не ја чекавме ние Данела со трубачи пред штаб, се знае кој ја чекаше и чие решение е таа
Next articleПатеше што немаше деца, еден маж ја остави а друг се упокои: Ова е тажната животна приказна на убавата Ју актерка