Home Live Ни фризура ни шминка, Тијана Дапчевиќ објави како навистина изгледа во природно...

Ни фризура ни шминка, Тијана Дапчевиќ објави како навистина изгледа во природно издание се пошегува на своја сметка (ФОТО)

Во една прилика, екипата на Музика24 во Битола имаше ексклузивна можност да направи интервју со една од најпознатите македонски пејачки, но и најактивната и најангажирана македонска пејачка во регионот, Тијана Дапчевиќ.

Тијана за овој музички портал – Музика24 откри за нејзиниот ангажан во тв серијата “Преспав”, како и што мисли за музичките талент шоу-а и учеството на Македонија на Евровизија.

– Сведоци сме дека 21-от век е таков се брзо се случува, па така и самата музика и шоу бизнисот е брз. Тие талент шоуа за млади од една страна се добри, а друга лоши бидејќи тие млади луѓе мислат дека ќе направат кариера.

Знаете што се случува тие од еднаш ќе добијат 40-50 илјади следбеници на Инстаграм и мислат дека целиот свет е нивен, ете тука е моментот на кршење и затоа кратко траат.

Тие треба да ги искористат паметно тие нивни “5 минути”, да стојат цврсто на нозете, затоа што не се единствени има многу такви во морето на пејачи и актери.

Сведок сум на многу луѓе кои ги познавам кои победиле на такви талент шоуа, а после неколку месеци никаде ги нема затоа што се расфрлаат со цени.

Јас сум пејачка која ја почна кариерата во претходниот век па така од секогаш мислам дека треба да се цени квалитетот, а не квантитетот. Затоа тие траат колку јогурт.

На тема Евровизија можам многу да зборувам, јас го имам тоа искуство да ја претставувам Македонија и тогаш јас бев сама на сцената со моите пратечки вокали Тамара, Пере и Диме, а Македонската радио телевизија која ме ангажираше беше на екскурзија.

Ете тоа е главниот проблем што Македонската радио телевизија мора да свати дека не оди на екскурзија туку на Евровизија. Треба што подобро да се промовираат песната, изведувачот но и самата земја.

За да влеземе во финале мора да се лобира, да се работи на маркетингот. Во мај е следната “Евровизија”, а ние сеуште немаме претставник а требаше одамна да го имаме.

Едноствано тие мора подобро да се ангажираат ова важи и за Македонија, но и за Србија. Сепак морам да признам дека тоа мое искуство е едно од најубавите во мојата кариера.

Предизвикот е голем, тој формат е како измислен за мене бидејќи можам првенствено себеси, а потоа и на другите да ги покажам сите мои таленти. Покрај со пеење се занимавам и со глума.

Ангажирана сум во театар, а имавте и прилика да ме видите во “Преспав”. Се надевам дека нема да ја разочарам публиката, бидејќи сите со нетрпение ме очекуваат, јас целосно се посветив на шоуто и се друго откажав“, изјави Тијана.

Инаку, нејзината сестра Тамара со мајка им Брана во моментов е на патување, во Истанбул и објавуваат слики од нивното уживање и прошетки таму.

Од друга страна пак, Тијана е позната по тоа што секогаш сака да го истакне својот природен изглед, а овојпат таа објави слика од неа без шминка, без фризура и во сосема природно и опуштено издание.

Пејачката дури и се пошегува на својка сметка и напиша: Секое влакно своја политика си води.

Previous articleЕве по што Наташа Мерсовска е поразлична од другите и необична, познатата новинарка откри интересна приказна
Next articleСани за првпат во јавноста го покажа новиот дечко Никола: Нашата пејачка блеска од среќа (ФОТО)