Home Live Порасна ќерката на Шекеринска, висока колку мајка си, заедно трчаа на маратон...

Порасна ќерката на Шекеринска, висока колку мајка си, заедно трчаа на маратон (ФОТО)

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска во 2020 година беше дел од тогашното издание на „30 прашања со“ што го објави нејзината матична партија СДСМ.

„Убаво е чувството да се биде министерка во Министерството за одбрана, после толку министри една министерка ги внесува во НАТО, секој ден мора да се носат одлуки, тоа што ќе го сработиш никој не може да ти го одземе“, се дел од одговорите на министерката Шекеринска.

Како би се опишала во три збора, ја прашале, а таа рекла: Брза, упорна, мултитаскинг. Без што не можеш да живееш било слеедното прашање, а таа рекла- без предизвик.

Потоа на прашањето што порави кога има слободно време, таа рекла дека игра меморија соп ќерка и и секој пат губи“, рекла таа , а во едно интервју за Женски магазин, зборувала за својата ќерка.

-Не сум од оние мајки кои го планираат животот и иднината на своето дете. Мислам дека тоа е невозможно. И штетно, дури и опасно.

Пред неколку години, прв пат ми поставија слично прашање: на што сакам да ја научам својата ќерка? Одговорот и денес ми е идентичен: да сака да знае и да знае да сака.

Ада е весела, позитивна, на моменти малку срамежлива, и со голема емпатија. Точно знае кога некому му треба помош, а кога прегратка или убав збор. Пред неколку недели се сретнав со мајката на едно девојче кое годинава се приклучи на нивното одделение.

Немаше доволно зборови за да се заблагодари за помошта која Ада ѝ ја давала секој ден да се прилагоди, да се вклопи и навикне. Ада ми немаше кажано ни збор за тоа. Не се пофалила, ама го правела тоа цело време.

Признавам, многу бев горда на неа“, изјавила таа и потоа го искоментирала својот стил на облекување за кој рекла:

– Се трудам да се облекувам практично и едноставно. Истата облека треба да ми е прикладна и за состанок и за родителска, за прес конференција или интервју. Истата облека најчесто треба да ми „издржи“ цел ден, значи да не се гужва, но и да не одвлекува внимание.

Од тие причини, не носам накит, но често разбивам монотонија со марама или брош. Немам некој што ми помага во изборот, освен по некој коментар на Бобо.

Првите настапи на телевизија или зад говорница ми беа со многу грешки. Сега ми помага искуството. Ги научив моите основни лекции. Носам бело, сино во сите нијанси или појаки бои. Сакам чисти и строги линии. Не носам шарено. Не се „китам“ претерано. И да, ги тешам и колешките – никогаш нема на сите да им се допаднете.“

Шеќеринска вели дека ако не била политичар, ќе била учителка, а дел од прашањата на кои одговара се кој филм последно те расплака, без што не можеш да живееш и како започнува омилената приказна на твојата ќерка.

Во 2018 година, Шекеринска за првпат по подолг период пред јавноста ја покажа својата ќерка единица, Ада, за време на доделување на орденот „Командант на Националниот ред за заслуги на Република Франција“.

-Ада е неодлучна: еден ден сака да дојде со мене на телевизија, друг ден ме прашува зошто мора да одам на работа. Многу е весела и умна, но не ја сака многу гужвата околу мене.

Порано прашуваше зошто сите ме поздравуваат и се сликаат со мене. Дури и се лутеше. Сега, кога порасна, и таа знае да се уфрли на селфито – раскажала тогаш гордата мајка за Фокус.

-Повеќе пати, Ада ми рекла дека би сакала да немам работа воопшто. Свесна е, дури и се секира за мене дека не сум јадела доволно. И реков: Ада, мајките се секираат за децата, не обратно, а таа ми рече: Е, ова дете се секира!- додала таа.

За името на ќерката, таа искоментира: Ада во германските јазици значи благословена, а на турски значи остров. Нам само ни беше убаво името, таа ни значи се. Името не ни требаше ништо да значи“.

Вели дека Ада е мамина ќерка, освен кога е во криза, тогаш се свртувала кон татко и Божидар и тој бил главен во таквите моменти.

Шекеринска објави слики од традиционалниот скопски маратон, на кој трчала и таа со пријатели, но и заедно со ќерка ѝ. Шекеринска на сликите на Фејсбук кои ги објавила напишала: Не беше маратон (т.е не за нас) ама беше многу Скопски!

До овие слики, таа добила коментари дека децата брзо растат, и еден од нејзините пријатели објавил слика од ќерката Ада кога била мала. Таа сега има 12 години и е висока колку својата мајка.

Previous articleВодителката Јована Јеремиќ се раcплака кога слушна како ја опишаа нејзините pодители: Барам само љубов
Next articleСветлана Црнокрак ја покажа мајка си, сега е јасно на кого е толку убава оваа жена (ФОТО)