Home Live Светлана Црнокрак ја покажа мајка си, сега е јасно на кого е...

Светлана Црнокрак ја покажа мајка си, сега е јасно на кого е толку убава оваа жена (ФОТО)

Светлана Црнокрак е личност која плени со својата убавина, успешна жена и мајка која зад себе има кариера која е за почит, една од првите манекенки во Македонија“, објави во една прилика hybrid.mk.

Со неа разговарарале за професионалните почетоци, кариерата денес, но и приватниот живот во кој таа е сопруга на Мики Црнокрак, нејзиниот партнер и во бизнисот со модното студио Црнокарк, и како мајка на две деца.

– Како и секоја тинејџерка сонував да зачекорам на модните писти, да се најдам на насловна страница и да бидам дел од некој престижен избор на убавина.

И се разбира ми се оствари и тој сон. За прв пат на мои 18 години учествував на избор за убавина, Мис на Македонија.

Тоа ми беше еден вид отскочната даска во мојата кариера. Запознав луѓе кои ми ги отворија вратите во светот на модата.

Иако ќе кажам дека тоа време беше многу потешко за разлика од сега, бидејќи тоа време кај нас не постоеја модни агенции, туку самите се грижевме околу нашите ангажмани.

Имам учествувано и освојувано многу титули на изборите за убавина, особено на интернационалните, каде што навистина бев горда како амбасадор на македонската убавина.

Недостасуваат модни случувања, ревии. Зборувам на модни случувања од нашето време, кои навистина беа спектакл. Кога беа посетени од илјадници луѓе, кога се бараше влезница плус на и кои навистина имаше што да се види. Сега некако го нема тоа.

Го нема тој дух. Сè е сведено некако колку да помине. Дизајнери имаме, иако ќе кажам дека вистинските можат на прсти да се избројат. Но, со оглед на тоа колкава држава сме, во тој поглед одлични сме“, рекла Светлана, а своите ќерки додала:

– Пред сè да веруваат во себе и во тоа што го прават во животот. Да бидат подготвени на секакви препреки, а и успеси кои ги носи животот.

Се разбира, ние сме тука како родители да ги подржуваме и да ги советуваме да го изберат вистинскиот пат“.

– Се сметам, бидејќи првенствено, од страна на приватниот живот, јас сум среќно мажена жена со големо разбирање од мојот сопруг, имаме две дечиња и тие ми се секако на прво место.

Во однос на мојата кариера, се чувствувам целосно исполнета, со сето она што сега ми се случува, а секако и со она што досега го имам постигнато како модел кој својата кариера ја започна уште на 18 годишна возраст.

-Можеби многумина не знаат, но јас завршив средно медицинско училиште и по професија сум акушерка и тоа ми е една неостварена желба што не значи дека нема да се оствари.

Јас секогаш си велам дека има време, сега сум се уште во модата, но сакам да го работам тоа, бидејќи ги сакам бебињата и децата и тие навистина ме исполнуваат.

Секогаш велам дека секоја жена треба да се почитува и да се цени пред се себеси. Доколку тоа го нема, се друго е неуспешно во животот. Успешната жена не треба да биде само успешна во кариерата, туку и во семејеството и на сите полиња што ја окружуваат.

Доколку жената е среќна и е исполнета во она што го работи, мислам дека успесите сами си доаѓаат. Нормално, добрата организираност и поддршката од семејството е секако многу потребна“, рекла Светлана во Фешнел.

-Јас секогаш сум повеќе по елегантните парчиња. Јас веќе седум години сум заштитно лице на Астибо и мислам дека повеќе се пронаоѓам во некои такви варијанти.

Преку ден сакам да бидам опуштена и да носам лежерни парчиња, но за вечерните комбинации сакам поелегантни варијанти.

Ќе кажам дека најубаво се чувствувам кога сум во фармерки, но сепак мојот стил е поелегантен. Ги сакам оние вечерни настани каде што се оди со гламурозна шминка, раскошни тоалети и слично. Едноставно обожавам кога одиме на такви настани“, изјавила во истиот медиум таа.

– Јас од пистата се симнав пред многу години (се смее). Сега се случува да одработам по некоја модна фотосесија. Успевам да изгледам добро така што секогаш наоѓам време за себе.

Тука е пред се здравата исхрана, фитнесот, позитивните мисли, позитивните луѓе што ме окружуваат и огромната поддршка што ја добивам од моите најблиски. Кога тоа ќе се вклопи во една целина, успехот секако е неизбежен“, кажала Црнокрак за свокот изглед.

Светлана Црнокрак ја покажа својата мајка, а биле заедно на прошетка на убавото време кога се одржуваше и Скопскиот маратон.

Мајката нa Светлана е многу убава и средена жена, и сега се гледа на кого е и Светлана толку убава, тоест од кого ја има наследено убавината.

Previous articleПорасна ќерката на Шекеринска, висока колку мајка си, заедно трчаа на маратон (ФОТО)
Next articleТатјана се качи на столче и го развеа знаемето – невидена забава на Македонците во Австралија (ВИДЕО)