Home Live Татјана се качи на столче и го развеа знаемето – невидена забава...

Татјана се качи на столче и го развеа знаемето – невидена забава на Македонците во Австралија (ВИДЕО)

-За мојата линија најзаслужна е мајка природа, хахаха. Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa“, рече во една прилика Таткана Лазаревска во Женски магазин, нашата позната фолк пејачка.

Татјана изгледа одлично, а на тоа се должи нејзииот брз живот изгледа. Лазаревска во една прилика сподели слика како игра кошарка и напиша:

Во здраво тело- здрав дух. Одлично ѝ стои оваа улога на Тања и изгледа дека сега откако се фрли на спорт, ќе одмори од пеењето.

На ова, порака ѝ упати нејзината пријателка Маријана Новачкова, познатата пејачка која одамна е преселена во Австралија, и е сестра на Росана Сариќ- Тодоровска.

-Дефинитино те победувам. Ти гарантирам дека секоја моја топка ќе е надвор и далеку од мрежата. Не може тоа секој. И тоа е уметност.

Нашата пејачка која со сопругот Новица и синовите Петар и Стефан живее во Австралија, во една прилика изјави:

-Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com

Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.

И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.

Според сликите на мајката на Татјана на Фејсбук, таа е убава жена, а Новица е среќен што има таква млада и убава баба. А крушата под круша паѓа, па очигледно е дека Татјана е убава на мајка си.

Кога нејзината мајка, минатата година прослави роденден, Татјана и Новица и честитаа како што најдобро знаат, со песна, на Фејсбук.

Прво, со честитката почна Татјана: Мамичке моја наскана, среќен роденден“, а потоа се уфрли Новица кој рече: Бабичке убавичке!

Татјана продолжи: Да си жива и здрава, многу те сакаме и многу ни недостасуваш, ама затоа ќе ти испееме песна“, рече среќната ќерка и запеа роденденска песна заедно со својот сопруг.

Всушност Тања ја испеа својата песна „Среќен роденден“.

Тања и Новица со синовите неодамна беа на одмор, и тоа на ептен луксузно место, во Surfers Paradise – Goldcoast во Австралја. Татјана се уклучи во живо на Фејсбук и откри како се забавуваат.

-Ајде одиме еден лајф, сакам само да споделам, дека ние дојдовме на едно преубаво место овде во Австралија, малце да се одмориме од зимата во Мелбурн. Беше многу ладно, бепе многу досадно.

Сите заминавте за Македонија, ние што останавме овдека ве гледаме преку Фејсбуци, ве пратевме како уживате, сега нас ни дојде малце редот. Еве сме, Петар, Сетефан, и сакам само да ви кажам дека стварно, ако дојдете на ова место убаво, еве што ве чека.

Ве чекаат бранови, плажа, сонце колку-толку. Инаку сме на 18 спрат. Ја синојќа се изнапеав на една преубава кршетвка и роденден во Бризбејн, и решивме да дојдеме малце…

Еве, јас ќе седнам сега, Новица ќе ми свари едно кафе, и ќе ве поздравам од нашиот апартман во Сурферс парадајс. И стварно е како во рајот. Ова е за оние што сакаат да размислат дали да дојдат, јас како реклама им правам сега.

Толку, само кратко да ве поздравам, ние уживаме, а уживатје и вие“, рече Татјана и го покажа убавиот поглед и апартман.

Татјана објави видео на кое е качена на стол, а снимана е во Камбера, во Австралија, заедно со Новица Василевски, нејзиниот сопруг. Татјана и Новица се нашле среде една весела атмосфера, Татјана дури и се качила на маса и запеала.

А песната е од Ристо Самарџиев, „Таму кај што си“, и Новица, заедно со пријател го завеал знаемето со сонцерот од Кутлеш, а Татјана им помогнала, и сите заедно ја испеале оваа позната песна.

Previous articleСветлана Црнокрак ја покажа мајка си, сега е јасно на кого е толку убава оваа жена (ФОТО)
Next articleЕве зошто сите воздивнувале по Каролина, нашата музичка принцеза „згазила“ со изгледот и мини фустанот на концертот на отворено во Скопје (ФОТО)