Home Live Ѕвездена моја- еве каква порака ѝ упати Миа Костова на Тијана и...

Ѕвездена моја- еве каква порака ѝ упати Миа Костова на Тијана и која песна ѝ ја посвети

Нашата водителка и инфлуенсерк Миа Костова пред 10 години ја донесе важната одлука во нејзиниот живот, да стане самохрана мајка. Миа во една прилика, зборуваше во интервју за Кафе пауза и од таму ја прашаа:

-Во едно интервју спомнуваш дека имало мигови на колебање, но сепак на крајот си одлучила да се соочиш со предизвикот. Кој беше пресудниот момент што те натера да го сториш тоа?

Пресудниот момент, секако, звукот на срцето на ехо. Покрај овој емотивен момент секако и разумот кој ме советуваше дека нема ништо страшно во раѓање дете на скоро 28 години.

Некако се чувствував сигурна во себе. И некако си мислев дека е шанса која ми ја дава животот и не смеам да ја пропуштам.

Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така. Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков срам од работа.

Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија, работам и како инфлуенсер.

И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.

Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом.

Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес“, кажа Миа. Во Женски магазин, на истата тема таа искоментира:

Јас не чувствувам страв од егзистенција ни кога сум живеела со 200 евра ни денес со многу повеќе.

Мене ‘инфлуенсертството’ не ми е нешто на кое се потпирам за следните 50 години. Јас сум идеално свесна за својот капацитет, јас сум човек кој не се плаши од работа и тоа сум го докажала низ годините.

Не сум се плашела ниту сега се плашам. Утре да се деактивирам од „инста“ ќе најдам и што да работам и како да сум задоволна од себе и за себе и своето дете. Дали ќе работам по струка или ќе работам нешто што мене ми лежи, ќе се вратам на ТВ или во фризерница, воопшто не ми менува.

Оној кој сака ќе најде работа и начин. Глупаво е да зборувам за моето дете, ама секој кој што го знае, знае дека е дете како по книга. Многу воспитан, многу кроток, многу одговорен.

Строга сум од ден еден, но тоа не е строгост што фрустрира туку е праведна строгост, или ќе добиеш сѐ што ќе замислиш ако ги завршиш обврските кои ти се дадени. Дали е чистење соба или лектира неважно.

Нема отстапки ни за храна. Љубител е на шеќер и имаме договор. Се јаде некое ‘здраво благо’ откако ќе се направи пауза после ручек од 3 часа. Не мислам дека сум строга колку што мислам дека сум праведна за негово добро.

Кога е Андрија во прашање немам помош од никого од ден еден. Ни финансиска ни физичка. Сега е веќе голем и сѐ она што ми било проблем и нерешливо сега е многу едноставно. Седи сам дома кога е потребно, самостоен е и многу ми помага.

Многу се сакаат со Тијана и ме одменија и со станување за во училиште иако патам од несоници, некако многу мразам да излезам од дома во 7 сабајле“, има изјавено Миа.

Пријателката на Миа, Тијана Скулиќ за која многу пати рече дека ја извадила од најголемата деп ресија прослави роденден и Миа ѝ го честиташе на овој оригинале начин:

-Среќен роденден ѕвездена моја. Ти сакам живот полн со сила и енергија каква што имаш само ти. Здрава, права и многу голема“, напиша Миа во една објава, а потоа во друга, таа на Тијана и порача:

„Живеле осмехче“, да светиш уште 5 пати по 27. На првото стори кое го споделила, Миа честитала со песната „Кажи да“, со која Слаткаристика и има предложено брак на Сања Николиќ и ја има напишано за неа.

Previous articleПатеше што немаше деца, еден маж ја остави а друг се упокои: Ова е тажната животна приказна на убавата Ју актерка
Next articleЕве по што Наташа Мерсовска е поразлична од другите и необична, познатата новинарка откри интересна приказна