Home Live Кате од „Нели ти реков“ раскажа во која славна ЈУ група требало...

Кате од „Нели ти реков“ раскажа во која славна ЈУ група требало да биде пејачка

Една од нашите најпознати и најодбри фолк пејачки Кате Танева, “Нели ти реков” е присутна на нашата музичка сцена повеќе од дваесет години. Таа е позната по соработката со оваа група, но веќе некое време, Кате настапува сама.

Испеа многу хитови, меѓу кои најпознат е “Запри дожду”, а има учества и на најпознатите фестивали во Македонија, од кои највпечатливи се настапите на Валандово.

Денес Кате е сопруга и мајка. Таа со семејството живее во Скопската населба Припор, а во една прилика, беше посетена од екипата на Канал 5, за чија утринска емисија готвеше прекрасен специјалитет.

Кате, освен пејачките способности, покажа дека одлично се снаоѓа и во кујната.

Во разговорот, Кате беше запрашана за дилемите и шпекулациите околу тоа дека нејзиниот сопруг е нејзин колега музичар“, објави Поглед.мк. Кате на ова одговори:

-Не, мојот сопруг не е музичар. Таквите шпекулации изминатите години се развија поради фактот што тој секогаш беше со мене на моите настапи.

Сепак, мојот сопруг има друга професија, а и последниве години, бидејќи настапите ни се претежно на свадбени веселби, тој и не е така често присутен на моите настапи“.

Кате во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

-Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко.

Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.

Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе. Ти биди си таква каква што сум те воспитал.

Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата.

Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите: Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.

Потоа продолжи со приказната дека исто така татко ѝ инсистирал да настапува на фестивалите, и иако не сакала да пее народно туку рок, прифатила да пее песни со некој помодерен ритам.

-Потоа дојде „Запри дожду“ која што да бидам искрена ич не сакав да пеам, ептен народнњачка беше, нели јас задоена со друга музика, меѓутоа таа песна го направи пресвртот во мојата кариера“, рече Кате.

Потоа, Кате зборуваше за тоа дека имала шанса да стане популарна во цела Југославија, откако хрватскиот композитор Тончи Хуљиќ ѝ понудил да стане пејачка на популарната група „Магазин“, каде што пееја Данијела Мартиновиќ, Јелена Розга…

-Магазин ми беа идоли. Лилјана Николовска тогаш ја напушташе групата и правела проштални концерти низ Југославија и дојдоа во Неготино.

После концертот зетот од сетра ми се качи на бина кај музичарите, јас се срамев. Тој праша: Дали е вистина тоа што го читаме во весниците дека барате замена за Лилјана и ме претстави.

Направивме муабет и му дадоа четири песни коишто требаше за еден месец да ги снимам. Меѓутоа, тие колеги коишто ги знаев тогаш за снимање не ми излегоа во пресрет. Јас ги снимив песните, меѓутоа каснев со снимките.

Јас ги пуштив песните, а татко ми беше во постојана комуникација со Тончи Хуљиќ. Во меѓувреме, тие ја нашле Данијела Мартиновиќ. Во еден разговор, Тончи му кажал на татко ми дека имам неверојатна, иста боја на гласот со Лилјана.

И да бидеме во контакт, затоа што тие имале план. Кога ќе земат женски вокал, да вивнат на врвот, и потоа да го пуштат да плови во солистичките води, па да земат друга.

Меѓутоа кај мене се случи „Нели ти реков“, врв на кариерата тогаш, таму се случи војн -ата, во Хрватска, татко ми во меѓувреме по чина…“, рече Кате за својата пропуштена шанса.

Previous articleБушава фотка- Ирена Спировска објави уште една опуштена слика, а еве што раскажа за нејзиниот изглед
Next articleВалентина и Ангела живеат во тешки услови: Нивните солзи го трогнаа и претседателот Вучиќ