Home Live Никогаш не ми се расипала: Како да закиселите зелка во буре, без...

Никогаш не ми се расипала: Како да закиселите зелка во буре, без преточување

Правењето зимнаца во првите недели од есента, е традиција која останала од дамнина.

Во овие тешки економски услови во кои живееме, освен традиција, правењето Зимница е и потреба, за полесно пребродување на зимските месеци.

Покрај ајварот, зелката е една од основните намирници кои нашите граѓани ги ставаат за зимница. Една од најголемите главоболки со закиселената зелка е како таа да се одржува, за да не се расипе.

Традиционален начин е преточувањето, кое сепак, одзема многу време. Па затоа, подолу прочитајте еден друг начин.

Потребни состојки: 60-65 кг зелка, буре од 120 литри, 65 литри вода, околу 2 кг сол. Постапка: добро е да имате различни големини на зелка, поголеми и помали, а кога ќе ги купувате одбирајте тврди главици.

Бурето треба да биде добро измиено и дезинфицирано. Зелката не се мие туку се отстрануваат само горните неколку листови и евентуалната нечистотија и се вади коренот (кочанот) – тврдиот дел:

Најпрво се засекува со остар нож во вид на квадрат околу коренот и на тој начин се отстранува дебелиот дел и се вдлабува зелката. Бурето кое ќе се полни треба да стои во ладна просторија.

На дното наредете неколку главици со вдлабнатините свртени нагоре и пополнете ги празнините со сечена зелка. Потребно е долниот слој да биде целиот исполнет со зелка. Добро искомбинирајтре ги парчињата.

Во секоја зелка ставете по 2-3 супени лажици сол. На овој начин наредете го бурето до крај. Постојат две варијанти за киселење на зелката: На 10 литри вода се растопуваат 300 г сол со мешање и се прелеваат преку зелката.

Моето буре од 120 литри собра 60 литри вода и 1,8 кг сол плус онаа која ја ставав во зелките. Според втората варијанта во тенџере од 7 литри се става вода да зоврие, па се трга од оган и веднаш се става 2,5 кг сол.

Потоа, кога ќе се растопи постепено се додава во канта со 10 литри ладна вода. Со оваа солена вода се преливаат зелките во бурето.

Па повторно во канта ладна вода се раствора солена вода и се така додека да се исполни целото буре.

Тајната всушност е многу едноставна: солта треба целосно да се растопи и потоа нема причина за преточување на зелката.

Вака ја правам веќе 16 години и никогаш не ми се расипала… На 10 литри вода одат некаде 300 г сол.

Нема да погрешите по било кој рецепт да се раководите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Рецепт и видео прилог на Бокина кујна: Киселење зелка без преточување.

Previous articleДодека Дарко Лазиќ е во врска со Катарина, нејзиниот сопруг проговори што му е во план
Next articleСе разведуваат, едниот заминува во странство на печалба, и тоа јавно го кажале во оглас за продажба на стан- има ли поискрено од Македонче (ФОТО)