Home Live Шлицот на Тамара ги освои Турците, пејачката изгледала ептен привлечно во Истанбул...

Шлицот на Тамара ги освои Турците, пејачката изгледала ептен привлечно во Истанбул (ФОТО)

Еден од најдобрите женски вокали на овие простори, Тамара Тодевска, за првпат реши да си ја отвори душата и искрено да раскаже за голготата низ која помина пред неколку години, во Еспресо.мк

Да, Тамара направи грешка кога во Американската амбасада го погреши текстот на националната химна, но таа беше доблесна, призна дека направила грешка и се извини. Повеќе и да сакаше, не можеше.

Но не смее да се заборави дека оваа девојка ја направи горда целата наша нација, меѓутоа, како велат – лошото секогаш се памети повеќе од доброто.

Низ што сè помина, кој ѝ заврте грб, а кој беше тука за неа, но и за плановите во иднина, за нејзината светлина во живот – Хана и Дарен, Тамара Тодевска искрена како никогаш досега, објави Еспресо.

Тоа беа моменти кога ни самата не знаев што со себе. Моменти кога сиот мој свет се распадна, кога навидум сè на што сум работела, како да исчезна. Но токму во тие моменти на слабост и можеби на неизлезност, се роди една нова Тамара.

Појака, посамоуверена и порешителна. Иако тоа беше можеби најболниот момент во мојата професионална кариера, од оваа временска дистанца на еден начин сум и благодарна за целото искуство. Секое лошо е за добро во животот.

– Моите пријатели многу добро знаат која сум и во што верувам. Немаше потреба да им објаснувам што се случи, ниту да им се правдам. Моите пријатели не ме гледаат мене како ѕвезда, пејачка.

За нив јас сум Тамара – пријателката. Не велам дека немаше коментари на одредени луѓе што навистина ме повредија, но како што кажав, цело ова искуство ме направи похрабра и ми помогна уште повеќе да верувам во себе.

Тој цел период беше една тешка битка. Не со луѓето околу мене, туку со гласот во мене. Борба на позитивното и негативното.

Од една страна гласот што ми велеше дека сè ќе биде во ред и дека ова ќе помине, а од друга страна, оној негативниот глас, што те тера да се откажеш, да престанеш да веруваш во себе и да почнеш да веруваш во она што го велат луѓето кои патем не те ни познаваат вистински. Среќна сум што победи првиот глас.

Среќна сум за научената лекција. Сега е време за нови победи и успеси“, кажа Тамара во Еспресо.

Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“, на меѓународниот фестивал “Best of Rumeli 2022”, кој вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција.

Во обраќањето пред присутните Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени:

– Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна. Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници.

Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда, посочи Тодевска. Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, а во претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни.

Тамара во Турција била со својата мајка Брана, која и била поддршка на овој настан. Таа објави стпри со статуетката кија ја доби и напша: Пејачка од Македонија. А исто така, објави пост во кој напиша:

Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам “Best of Rumeli 2022”.

Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија“.

Но, она што привлекува внимание е нејзината облека, тоест фустанот со длабок шлиц, кој супер и стои и со него привлкела големо внимание кај Турците, кои исто така објавиле многу сториња од нашата пејачка.

Previous articleКалиопи му запеа на маса во ресторан на овој легендарен актер народна песна, тој ја нарече „љубов моја“ и само што не заплака (ВИДЕО)
Next articleОд кујна со манџа, Гавазова по гpaдник кај нејзиниот стилист, среќа што нема љyбомopeн маж (ФОТО)