Home Live Валентина и Ангела живеат во тешки услови: Нивните солзи го трогнаа и...

Валентина и Ангела живеат во тешки услови: Нивните солзи го трогнаа и претседателот Вучиќ

Единаесетгодишната Валентина и нејзината една година постара сестра Ангела живеат со болните родители во планинскиот предел кај Власина.

Тажни се условите во кои живее ова четиричлено семејство, трошната куќа се наоѓа среде шума, а до семејната куќа нема пат.

Татко им Иван е инвалид, а мајка им Снежана има психички проблеми, живеат со скромна социјална помош и детски додаток во нехумани услови и едвај врзуваат крај со крај.

Екипата на Фондацијата „Тамара Мисирлиќ“ го посети семејството, а глетката која ги затекна ги остави сите без зборови.

Сè што може да се допре во нивната куќа е трошно и нефункционално, девојките се капат во корито, немаат ни кревети, немаат ни трошка од она што го имаат нивните врсници.

Кога девојките ги прашале како живеат и дали им е тешко, малата Валентина низ солзи одговорила дека им е многу тешко.

„Најтешко е во зима бидејќи е многу студено и кога се враќаме и одиме на училиште ни е многу ладно. Само би сакала да ни ја поправат куќата”, кратко изјавилo малото девојче.

Инаку, Валентина и Ангела одат на училиште, кое е оддалечено 7 километри. За среќа во близина имаат таксист кој им помага и ги вози до училиште, на враќање дома наставниците ги носат до дома.

Анѓела и Валентина од раѓање живееле во селото Драјинци кај Власина.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Хуманитарката Тамара Мисирлиќ, девојката со големо срце, преку која цела Србија дозна за девојчињата Валентина и Ангела, ја објави најубавата вест што ја чекаше цела Србија.

По голем број луѓе кои се приклучија да помогнат, Фондацијата Тамара Мисирлиќ и Владата на Србија, двете мали девојчиња добија нов дом.

„Валентина и Ангела сега имаат нов дом. Владата на Србија обезбеди стан, а нашата фондација целосно го опреми. Морам да го пофалам денешниот тим, утрово станот беше целосно празен, за само неколку часа донесовме се’ што е потребно за семејство да живее пристојно.

Ова е уште едно семејство што го спасивме“, напиша Тамара на Фејсбук со видео и фотографии.

Ангела и Валентина живееле во селото Драјинци кај Власина, во куќа во која немало апсолутно ништо. Без тоалети, греење, мебел и се’ што е потребно за живот, девојките добија сосема нова куќа.

Сестрите Валентина и Ангела се вселиле во нов стан што го обезбедила српската влада.

Цела Србија слушна за сестрите Валентина и Анѓела, кои со болните родители живееле во тешка сиромаштија во градот Драјинци кај Власина.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Благодарение на младата хуманитарка Тамара Мисирлиќ, девојките се вселиле во нов стан што го обезбедила српската влада, силно влијание имал и претседателот Вучиќ, кој бил трогнат од нивната состојба.

Хуманитарката Тамара Мисирлиќ комплетно го опреми станот и го внесе семејството во нивниот нов дом. Кога влегле во собата на Валентина и Ангела, таа забележала дека девојките се многу среќни, бидејќи тоа била нивната најголема желба.

– Девојките на почетокот беа збунети, не можеа да поверуваат дека тоа е нивната соба, но дефинитивно најмногу се радуваа на новата соба, тоа беше нивната најголема желба.

Имаше и многу изненадувања, нови гардероби, козметика, игри…

Едвај чекаа да наместиме се’, затоа забрзавме и го поставивме целиот мебел и го опремивме целиот стан во еден ден – изјави Тамара Мисирлиќ за Информер.рс.

Фото: Јутјуб Принтскрин
Previous articleКате од „Нели ти реков“ раскажа во која славна ЈУ група требало да биде пејачка
Next articleДобри вести за љубителите на „Мерак меана“, Ирена Спасовска и Велевска се дотераа и ги израдуваа обожавателите, и оваа згодна пејачка им се придружи (ФОТО)