Home News Борче Трајковски: Нема везе што струјата ни е исклучена, а водата пред...

Борче Трајковски: Нема везе што струјата ни е исклучена, а водата пред исклучување – битно имаме мир

Статус на Борче Трајковски, алијас Боки Бургија, писател и поранешен вработен во поранешното СЈО: Кај мене е…

-И после 500 години да се постави прашањето за потеклото на почетниот капитал на македонските тајкуни таканаречени олигарси, одговорот ќе биде ист: Сето е завиткано во сомнеж за корупција, грабеж од сопствената држава, од сопствениот народ. Ништо не можело да се направи без политичка и полициска подршка.

Со приватни авиони ни слетаа на Петровец, претставници на Технометал како милионери, за кои многумина од нас прв пат слушнавме дека воопшто постоеле, па градеа цркви и летуваа на огромни јахти со одбрано друштво, а се’ што беше вредно во државата го наследија некои си ебиветри кои се затекнаа на местата директори, преоблечени во менаџерски тимови кои не само што станаа газди на успешните,

туку, малку подоцна, преку стечајните постапки на прогласените загубари, демек, неуспешните, откупат непроценлив имот и капитал за ИЧ пари од државата, или, со дел од парите на успешните компании каде станаа газди…

Нема повеќе реченици со кои би се прераскажало потеклото на почетното богатство на овие луѓе. А кога имате многу пари и при тоа имате политичка и полициска подршка, тешко е некој да ви застане на патот да продолжите да се збогатувате…

Но, и таа задача не е лесна. Не е воопшто лесно да продолжиш да бидеш успешен и со такво потекло, напротив. И богатството бара ум, разум, итрина за “спојка“ со секоја промена на власта, за да продолжиш да го мултиплицираш, да го умножуваш лажното богатство.

Дефиницијата е многу едноставна и стара, вели – “пара на пара, вошка на вошка.“

Можеби има и други, ама, јас знам само за еден неуспешен наследник на огромен имот и капитал, до сега. Не знаеше да продолжи, или можеби не знаел да се уштека во политичките промени и полициските заштити, а фирмата која за ИЧ пари ја наследи татко му се викаше “Скопски пазар“ и малиот налседник рикна, барем така се зборува и се гледа…

Живееме во време и период на кризи. Секакви кризи. И енергетска и економска и социјална и секаква, па и безбедносна. Ама што ако е криза, живи сме, нели? Се’ ни станува нормално пред моќтта на милионерите кои не’ ограбиле.

Да, сите сме ограбени од шака тајкуни, од грст политичари, и алчни полициски функционери. И воопшто не ни пречи да си ги менуваме, од избори до избори. Па што, си викаме, нема други, нема трети, “морално“ е пак за Амди да гласаме. Тоа е.

Се јави оноа брадесто “гомно“, (Тричко), нудејќи нова опција и излез од кашава, и се посра низ сите сокаци и булевари кај што се појави. И низ сите тротоари кај што згазна…

Паролата “Нема правда нема мир“, за нас, поштовано мкд пучанство, не што нема смисла, нема бре ни благе везе. За нас битно е да има мир, кој ја шиша правдата.

Што ќе ни е кога триесет и кусур години прифаќаме заставници и наставници сопственици на универзитети, сите со по два докторати, кога прифаќаме психопати и осмооделенци за пратеници, четвртооделенци за градоначалници, боксери премиери, фикуси претседатели, и се поклонуваме пред немилосрдните апаши на македонскиот имот и капитал, признавајќи дека премиерот може да биде богат како просечен “бизнисмен“, ама просекот го зима од:

Свето, Гуштеров, Трифун, Мукаетов, Туџаров, Чифлиганец, Ѕинго и уште дватројца, “најголемите бизнисмени во Македонија“. И тоа за нас е нормално. Ние тоа си го прифаќаме без уво да ни мрдне.

Битно е дека имаме мир, нели? Па зошто ондак премиерот да биде глуп и да не се збогати како просечен бизнисмен од споменатите кои тежат милијарди, кога тоа го правеле функционери апаши од типот на Станинов, Миленковски, Флоровски, Арнаудов, Јакимовски, Бошковски, Пауновски и други.

Стварно, зошто премиерот Груевски да не биде побогат од просечниот бизнисмен негов поранешен колега на премиерската позиција? Зошто Мијалков да не биде побогат од Богоевски? Многу побогат.

Тие се натпреваруваат во грабежот за тоа кој да биде побогат, ние, се курчиме и препичуваме дека се знаеме со некои од левото,. односно десното нивно крило.

Се сликаме и се кезиме ко нездрави во нивно друштво и “к ур ни е, двор ни е“, што тие крадат, пљачкаат не’ осиромашуваат до дното. Нивната филозофија е “сиромав човек е плашлив човек“. Значи, не е Човек. Ние за нив сме нечовеци.

Сакале такви да бидеме, а ние тоа сме го прифатиле ко судбина, и си се туткаме во себе, восхитувајќи се на нивната “снаодливост“ и ербапност, жалејќи што и ние не сме дел од таа тајфа. Тоа е другарице и другови.

Затоа е борбата да бидеме блиску до политичарите, тајкуните и полицајците, за да се чувствуваме безбедни ако не фатат на погрешно паркирање, ако ни ја земат колата со Пајак, ако ни треба итен преглед на специјалист, ако треба да ја симнеме жолтата лента од затворениот киоск, кафиќ, дуќан.

Нема везе што струјата ни е исклучена, водата пред исклучување. Битно е имаме интернет. Молам? Мизерно? Ма дајте, ви се молам, па имаме мир, нели гледате? Правда? Ма јебеш правда, бре, глеј како ќе го истуркаш денов…

Како одминува демократијава, се’ повеќе ни станува јасно дека треба да сме поблиски со политичарите и со богатите, се’ помалку со обичните и сиромашните. Колку подолго трае нашава Транзиција, се’ појасно станува дека тие се во право, ние сме во криво.

Се’ помалку очекуваме правда затоа што се’, па и правдата е под нивна контрола. Немаме Судови, немаме обвинителства, немаме правда. Па што? Имаме Извршители ПРВА КЛАСА. И Нотари глодари.

Кога сакаме ќе имаме и СЈО, ама кога ќе посакаме ќе го немаме. Имаме се’, а немаме ништо. Не е проблемот кај нив. Кај мене е… Затоа не пишувам. Тенкју…

Previous articleПо долго време во јавноста се огласи Роберт Саздов од „Куку леле“, има важен повод и доби важна функција
Next articleНашиот познат менаџер слави 20 години брак, еве како изгледалe пред две децении со невестата (ФОТО)