Home Live Ја прашуваат кој е таткото на нејзиниот син – Миа Костова искрено...

Ја прашуваат кој е таткото на нејзиниот син – Миа Костова искрено кажа како одговара на такви прашања

Миа Костова секогаш гласно ги коментира состојбите во нашето општевство, а во една од своите објави Миа рече:

„Син ми има домашна да напише апстрактни и конкретни зборови по македонски јазик. Му викам, земи играј игрици бе алооооо, шо е ова читање и пишување у 21 век. Ме извади од кожа. Ене го игра мајнкрафт и плаче.’

-Кога ги гледам кандидативе и советнициве у оние рекламни кампањи, како уро чени боже ме опрости, да не можеш еден ред на памет да научиш и да мора да читаш од ливче позади камера и у фацките како завршна приредба у градинка со голтање кнедли и суви муцки пред паѓање у нес вес.

Па бре позицијата ви да сте оратори и да знаете да разговарате што со народ што пред камера. Ако чекаме на некој што проста реченица не може да научи на памет, изги насмо.

На истите тие статуси утре што ќе им пишуваат вработени за тоа, зошто не можат да врзат три збора и интерпукција мислат дека е план за градба.

Тужн ооо…“, напиша во уште свој статус Миа минатата година за време на предизборната кампања за локалните избори.

Таа беше дел од естрадниот магазин Бекстејџ кој веќе не го води, а во една прилика изјави дека повее зарабоптува вака како инфлуенсерка и убаво и е кога работи самата за себе.

Миа минатата година на Инстаграм објави дека поминала 90 дена на море, и тоа на Јонско, во Дерми во Албанија, а оваа година таа повторно беше цело лето на истото место. Таа раскажа како ѝ поминале овие денови со својот син и со нејзината пријателка Тијана.

– Што да ви кажам за летово, освен ‘сакај силно и ќе добиеш’ . 80 дена неповторливо искуство.

Луѓе кои никогаш нема да ги заборавам. Уште сум во неверба дека 3 месеци поминаа од моментот кога не бев сигурна дали ќе го издржам овој ангажман.

Она што посебно ме радува е успехот кој беше неизбежен кога јас и Тијана Скулиќ сме во игра.

Посебна благодарност до havana.dhermi, сите вработени тука, @vivienthano која секогаш ќе е насмевката на летото, @reicironaku за музичето, @sokol_cool_turdiu за музичето,

Dhermi за тоа што ми стана дома, @aloni_dhermi за храната што ќе ја сонувам, @azulbyhavana за порциите што ми се репер за добра храна, секое камче и Јонско што секогаш ќе ми е број 1.

И крајно, фала на љубовта што ме води низ сѐ она за што немам храброст ако не ме турне. Моја Т. И фала на горниов што Андрија имаше лето за кое нема да му веруваат. 80 дена море како 8. Се гледаме следна сезона. До тогаш, море без обврски уште некој ден и Скопје со сѐ она на што му се радувам потопена во сол.

Миа Костова во новото интервју кое поетесаата Ана Бунтеска гонаправила со неа за Женски магазин, зборувала отворено како и секогаш, а во некои делови ја има спомнато својата заработка на Инстаграм, и таткото на нејзиниот син, Андрија.

– Мислам дека искреноста ме прави поинаква на Инстаграм. Немам јас некој инфлуенсерски контент, колку што сакам да си го кажам мислењето на секоја тема. Единствено ме чини нерви ако им дадам внимание на оние на кои ништо не им чини.

Мислам дека доколку би добила нормални прашања од типот во кое маало сум пораснала, ќе се збунам комплетно (се смее). Инаку да, одговарам онака како што сум прашана. Ако ти имаш образ и доволно дрскост да ме прашаш кај е татко му на Андрија јас исто така можам да ти одговорам како ќе ми е ќеиф во моментот.

Или ќе ти ја исмевам глупоста или дрско ќе те испратам кај мајка ти (се смее). Е сега, некој ќе рече “ама со тоа што си се нафатила да бидеш јавна личност МОРАШ да се носиш совакви прашања”.

Не се сложувам, јас сметам дека сум и повеќе од потребно отворена пред својата публика, но некои работи си имаат граници. Им пречи да се сликаш во тоалет на шолја (дека ете тоа правиш во моментот), а не им пречи да те прашаат кој ти спие во кревет. Е, не оди тоа така.

Немам епизодни соработки, не работам за “да ти платам едно стори шерни ме”, не функционирам на принцип “1000 евра и рекламирај го ова”, а немам поима за што се работи и какво е. Тоа се некои принципи.

Јас често сум на Инстаграм како следач и се’ она што ме нервира кај другите или ми е срам кога го гледам, се трудам да не го применувам. Имам соработници кои се со мене 3-4 години, ќе потврдат дека секоја соработка почнала со тест период од неколку месеци, дали е крема или ланче сеедно.

Не сакам да сум во ниту еден момент подвижен билборд. Заработувам и повеќе од квалитетно со само неколку брендови и сакам Инстаграмот да ми е 60-70 проценти живот. Тоа е она што ме прави блиска со следачот и потенцијалниот купувач на нешто, за што јас гарантирам.

Буквално сум добивала понуди од автоделови преку га ќи, пици и средства за чистење. Иако поддржувам мали бизниси и сум споделила нечии вакви производи со намера да помогнам, трајни соработки не прифаќам“, изјавила Миа во ова интервју.

Previous articleНашата позната актерка објави важен спомен, во друштво на Киро Глигоров (ФОТО)
Next articleЕлена од Сител ја покажа убавата сестра, се опушти водителката- музика ѝ свири на увце на роденден (ФОТО)