Home Live Нашата позната актерка објави важен спомен, во друштво на Киро Глигоров (ФОТО)

Нашата позната актерка објави важен спомен, во друштво на Киро Глигоров (ФОТО)

Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија е роден на 3 мај во 1917 година, а овој свет го напшти на 1 јануари во 2012 година.

“Тој е еден од великаните на современата историја на нашата земја и на вековниот стремеж за самостојност на македонските граѓани“, напиша минатата година на 3 мај на својот Фејсбук профил Зоран Заев.

Од НОБ и АСНОМ, чијшто учесник беше, и за време на неговите два мандати како претседател во најважните мигови за создавањето на самостојната македонска држава, претседателот Глигоров речиси половина век беше во врвот на нашата политика.

Неговата мудрост, огромното политичко искуство и неговиот интелект, беа од суштинска важност и ѝ помогнаа на Македонија да излезе мирно од крвавиот распад на Југославија и да стане меѓународно признаен ентитет.

Под мирната рака и водство на Глигоров, и покрај сите предизвици, го чекоревме цврсто и непоколебливо нашиот пат кон светската заедница на независни, прогресивни и демократски држави.

Од неговите политики и јавни настапи ќе бидат запаметени многу искажани визии како онаа од претседателскиот инаугуративен говор на 27 јануари 1991 година:

„Ќе бидеме разбрани и почитувани, а нашите интереси респектирани од светот доколку се развиваме како демократско општество, способно да ги уредува внатрешните односи по мирен пат, развивајќи секој вид толеранција – верска, национална, политичка.

Ние живееме на балканските простори, на кои се испреплетени многу народи. Секој сака да ја сочува својата самобитност, својата историја и национален дух, а тоа е можно само низ висок степен на разбирање и толеранција и без било каков обид да се загрози соседот, просторите на кои живее и неговите длабоко всадени корени“.

Глигоров беше почитуван од многумина, а меѓу нив е и актерката Јасмина Поповска. Таа од самиот почеток на својата кариера, работела на големата сцена. Денес е актерка во Македонскиот народен театар, хуманитерец, активист и вљубеник во патувањата“, објавил Женски магазин во една прилика.

Првата поголема улога ја добила уште во првата година на студии на ФДУ, и покрај строгите правила на Факултетот толку млад студент да заигра на големата сцена. Јасмина тогаш била Соња во „Балкански шпион“, играјќи за Битолскиот народен театар.

Во четврта година на факултет добила уште една насловна улога, а денес може да се пофали со повеќе од четириесет. Голема страст на Јасмина се патувањата, и најмногу ужива да се напие кафе токму на местата каде што се снимани сцените на познатите холивудски филови.

Дел од нејзината биографија е функцијата, директор на МКЦ во деведесетите, и основањето на киното „Фросина“, како и промоцијата на мегалитска опсерваторија Кокино пред светските медиуми, работа на која е особено горда.

За Женски магазин, познатата актерка ја раскажала својата приказна.

„Уживам да одам на места каде што се снимани големите холивудски филмови. Да пијам кафе токму каде што сум гледала сцена од некој познат филм и да се соживеам со неа. На пример, уживам на престижната улица „Булеварот на самракот“ во Лос Анџелес, кој е крстен по истоимениот филм со Глориа Свансон.

Ми беше посебно задоволство да го испијам своето кафе на Родео Драјв, во истиот хотел каде што Џулија Робертс беше сместена со Ричард Гир во филмот „Убава жена“.

Со секоја голтка испиено кафе, пред мене беше по еден кадар од филмот, особено оној момент кога таа се појавува во својот убав црвен фустан, а Ричард Гир и го подарува дијамантскиот ѓердан за да одат на опера.

Во таков еден кварт имав можност да ја видам Парис Хилтон како оди на шопинг, а телохранителите и ги носат кесите пред неа. Во Њујорк, во хотелот „Плаза“ на Петта Авенија, се напив кафе каде што се снимаше филмот „Сам дома“.

Каде и да патувам и низ Европа, секогаш одам на претстава во познатите театри“, се сеќава актерката и вели дека фасцинантно за неа што било во пустината Сахара, го посетила филмскиот град каде што е сниман „Во јна на ѕвездите“. Јасмина го посетила и местото каде што се снимал филмот „Англискиот пациент“.

Почетокот на мојата актерска кариера по студирањето е врзан за насловната улога во „Мирандолина“ потоа „Бал“, во режија на Владимир Милчин за која добив награда на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и секако „Буре барут“, која беше една култна претстава.

Со „Буре барут“ пораснаа генерации и заедно со нас ги учеа репликите. Имаше луѓе кои доаѓаа да ја гледаат и по 3-4 пати и напамет ги знаеа сите реплики. За таа претставата се чекаа редови за билети“, со насмевка се сеќава Јасмина на убавите театарски времиња.

„Во Белград, дојдоа да ја гледаат тамошни актери, и тие ни аплаудираа нам од публиката, затоа што ние, Македонците сме актери со голем сензибилитет“, додава таа.

Поповска објавила слика со Глигоров ан својот Фејсвук профил и напишала: Сеќавање на првиот претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров!“

Previous articleМантил со шлиц и прошетка низ скопските улици- Дани Димитровска изгледа како топ модел (ФОТО)
Next articleЈа прашуваат кој е таткото на нејзиниот син – Миа Костова искрено кажа како одговара на такви прашања