Home Live Силви бенд искрено раскажаа за својата заработка, за тоа кој ги чува...

Силви бенд искрено раскажаа за својата заработка, за тоа кој ги чува парите дома и кој е главен во куќата

Силви бенд или Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ- Плевнеш се музичко- брачно дуо кое и во музиката и во љубовта опстојуваат долги години. Тие ја имаат ќерката Деа Делина. Познати се по своите хитови: „Ме полудуваш“ и „Ангели ме носат“, песната која ја сакаат сите генерации.

Порталот Reporter.mk на во една прилика објави видео во кое Влатко и Силви раскажуваат како се запознале. Влатко вели дека не му било лесно да ја освои Силви.

– Многу време ми требаше да ја освојам Силви. И кога се појави на факултетот, тоа беше една бо мба, авион.

Значи, немаше машко на факултетот коешто не беше заљубено, или не ѝ се удвараше. Што студенти, што професори.

Меѓу сите мислам, и јас нормално. Добро сега, тешко беше освојувањето, признавам. Побрзо ќе се качев на Монт Еверсет него да ја освојам нејзе“, рече Влатко,а на ова се надоврза Силви.

А, Влатко притоа, беше неверојатно упорен. Не знам некако, од под излегуваше, ќе се појавеше од некаде, и кога ќе се залепи значи, нема мрдање цел ден.

Јас кога ќе седнев да вежбам, од некаде Влатко ќе влезеше во училна, ќе седне до мене на столица за клавир, ди помогне нешто тука сега за вежбање, и нема мрдање“, додаде Силви за својот сопруг.

„Се затрескав, ми се пресекоа нозете кога ја видов“, изјави Влатко Плевнеш претходно во емисијата на по којниот Драган Вучиќ, „Возење со Вучиќ“.

Силви и Влатко Плевнеш се заедно од студенските денови. По долги годиони во брак, сега живеат во населбата Козле, по куќата која ја дизајнирале по нивен вкус и има специфилен ентериер.

– Клавирот како мотив е застапен на главниот надворешен ѕид, и на балконот меѓу двете нивоа во куќата.

Имаат дури три вистински клавири, од кои најимпресивен е белиот на кој често си пеат и свират за своја душа, и еден бел над него, закачен наопаку на таванот.

Белиот клавир, бели кожни гарнитури, се во бело. Интересни уметнички слики, и камин во салонот, кој дава посебна топлина.

“Куќата има околу 400 метри квадратни, ја направивме пред пет години, за шест месеци од почеток до крај”, За амбиентот на нивниот дом Силви, заедно со нејзината пријателка, стилистката Лидија Перчинковска, го бендисувала и купувала мебелот.

Со многу стил, префинетост и елеганција дише секој дел од нивното семејно катче“, рекоа Силви и Влатко за Музика.24.

Белото е симбол на светлина, чистота, невиност. Смирува. Затоа ја сакаме таа боја. Тргнавме од онаа така наречена “калуѓерска практика” (кревет, масичка и свеќа), а потоа наградувавме со детали и куќни предмети, зошто лесно е од убаво дизајнирано да премине во натрупано, и кич”, вели Силви во истото интервју.

Силви и Влатко гостувале во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков и таму зборувале за тоа какви домаќини се и како ги водат финансиите.

– За мене машки е, да не го кажеш секогаш тоа, да кажеш- имам“, рече Влатко, а Силви на ова се надоврза и рече: Биди паметен кога имаш, за да имаш и кога немаш.

-Значи, кога имаме, треба да бидеме домаќини, а не да потрошиме се, за кога немаме после да бидеме слаби.“, рече Влатко, а Силви го надополни:

-Неблагпдарно е да зборуваме за ова затоа што е специфично. Влатко и јас работиме заедно и куќниот приход ни е нешто што и двајцата сме го заработиле. Да, парите се кај мене, јас всушност контролирам нели како ќе ги трошиме, како ќе одат и сето тоа, но…

Благодарение на мене, еве короната помина без проблеми“, рече Силви, а целото видео можете да го погледнете ТУКА. 

Previous articleМаленко ѝ бил младешка љубов на Метка- еве што е ново кај нив во Марибор
Next articleСе огласиja Антониа Гиговска и Иван, откако беше објавено дека раскинале (ФОТО)