Home Live Зоран Заев во една прилика откри која песна му ја свиреле 16...

Зоран Заев во една прилика откри која песна му ја свиреле 16 пати по ред и што се случило кога одбиле да му ја свират по 17-ти пат

Поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, изминатите десетина месеци е повлечен од јавноста, по неговата оставка од премиерската и лидерската функција.

Сепак, тој се појавува на важни настани, а формираше и фондација, која има хуманитарен карактер. По тој повод, Зоран Заев, вчера на социјалните мрежи, објави:

„Децата мора да бидат наш најважен приоритет. Тие тоа го очекуваат од нас. Тие тоа го заслужуваат. Да им овозможиме ДЕТЕТО ДА БИДЕ ДЕТЕ.

По повод Детската недела која годинава се одбележува под мотото „Борете се за детските права“, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со финансиска и морална поддршка ја помага активноста за одбележување на Неделата на детето од страна на ЈОУГД „Детска радост“ – Струмица, во која се вклучени 350 деца од големите групи на оваа институција.

Декларацијата за правата на детето е донесена пред 33 години од Генералното собрание на Обединетите нации.

Македонскиот потпис на оваа Декларација ни дава до знаење дека сме должни да ги почитуваме правата на детето како неделив сегмент од севкупните човекови права.“

Инаку што се однесува до децата и семејството, Зоран Заев лани, се отвори приватно за српски Курир и раскажа детаљи кои дотогаш ги немаше објавено!

„Бев во врска со Зорица уште од средно училиште, и тоа стана сериозно на факултет. И таа студираше економија. Бевме во врска најмалку пет години, моите пријатели веќе започнаа да се венчаат, а потоа забремени девојката на брат ми, која е една година помлада од мене.

Татко ми тогаш ми се јави: „А кога планираш свадба?! Не може да биде така“. Веќе беше време за мене, 26 години. Јас и брат ми се свршивме заедно.

Тој беше првиот што се ожени, а неколку месеци подоцна и јас – на 30 септември 2000 година. Патем, на 30 септември имаше референдум за промена на името на државата, па сега не заборавам кога е годишнината од мојот брак.

Сепак, му препорачувам на мојот син да почека најмалку 30 години за брак, да поживее, да ја живее својата младост. Кога ќе стапите во брак, нема враќање – готово е. По венчавката не ми беше одземена можноста да се дружам со моите пријатели или кафулињата, но обврските доаѓаат.

Ќерка ми Александра ја добивме во април 2001 година. Кога се роди, 16 пати ми ја свиреа песната „Икона си моја“ во кафеана, а кога одбија по 17-ти пат, ги ис кршив шишињата.

Еве, носам спомен од тоа на мојата рака, бев во болница, ме заш ија. Во моментов студира медицина во Софија.

Не го сакав тоа затоа што ќе биде студент цел век – шест години студирање, потоа вежбање, па специјализација, па не знам што после не.

И тоа не е добро ниту за жена, затоа што треба да биде и мајка. К

ај нас семејството го води мајката, таа повеќе се грижи за децата отколку таткото. Но, таа го сака тоа. Таа не сакаше да студира во Скопје, рече:

„Јас ќе бидам ќерка на премиерот овде, а сакам да бидам само студентка“, рече Зоран Заев во таа прилика, во интервју за српски Курир.

Previous articleСе огласиja Антониа Гиговска и Иван, откако беше објавено дека раскинале (ФОТО)
Next articleОбјава на Никола Димитров која зачуди многумина: Приказната е вистинита, мене ме допре